ВКУСНА ЗИМНИЦА ШТО СЕ ПОДГОТВУВА БРЗО И ЛЕСНО: Варени пиперки без конзерванси
ВКУСНА ЗИМНИЦА ШТО СЕ ПОДГОТВУВА БРЗО И ЛЕСНО: Варени пиперки без конзерванси
photo: Pixabay
Со доаѓањето на есента, домаќинките ширум Македонија започнуваат со подготовка на зимница, а еден од омилените рецепти секако се варените пиперки во тегла. Освен што се многу вкусни, нивната подготовка е едноставна, што ги прави одличен избор и за почетници во кујна.
Варените пиперки се совршен додаток на речиси секое јадење – без разлика дали се послужуваат како прилог со главното јадење или како дел од богата зимска трпеза. При подготовката ја задржуваат природната свежина и арома, поради што остануваат омилени во многу домаќинства.
Состојки:
-
3 кг пиперки
-
2 л вода
-
400 мл оцет
-
250 мл масло
-
125 г шеќер
-
125 г сол
-
2 листа ловоров лист
-
10 г зрна бибер
-
500 г моркови
-
2 главици лук
-
2 врзопчиња свеж магдонос
Подготовка:
-
Пиперките исчистете ги од дршките и семките, измијте ги добро и оставете ги да се исцедат. Потоа наредете ги во чисти тегли.
-
Во голем сад ставете ја водата, па додадете сол, шеќер, оцет и масло. Ставете ја смесата да зоврие.
-
Кога ќе зоврие, додајте ги пиперките и варете ги 2–3 минути – доволно за да омекнат, но да не се распаднат.
-
Варените пиперки извадете ги и веднаш редете ги во теглите. Меѓу редовите пиперки додавајте сечкан лук и магдонос. По желба, можете да додадете и кругчиња морков.
-
Кога теглите ќе се наполнат, притиснете ги пиперките за да се спакуваат цврсто. Потоа прелијте ги со врелиот раствор во кој се вареа.
-
Затворете ги теглите цврсто со капаци, завиткајте ги во ќебе или крпа и оставете ги да се изладат природно.