СВАДБА ВО СТРУМИЧКИОТ ЗАТВОР – НЕКА ИМ Е СО СРЕЌА НА МЛАДЕНЦИТЕ! (ФОТО)
СВАДБА ВО СТРУМИЧКИОТ ЗАТВОР – НЕКА ИМ Е СО СРЕЌА НА МЛАДЕНЦИТЕ! (ФОТО)
Во Казнено-поправната установа Затвор Струмица денес се одржа настан од особено значење и хуман карактер – законска регистрација на осудено лице кое моментално ја издржува својата затворска казна.
Фото/ Управа за извршување на санкции/Управа за изврсување на санкcии
Овој чин, кој претставува темелно почитување на основните човекови права, беше реализиран под раководство на директорот Зоран Ристов и заменик-директорката Наташа Лазарова Донева, со цел обезбедување правна сигурност за секое лице, без оглед на неговиот правен статус.
СВАДБА ВО СТРУМИЧКИОТ ЗАТВОР!
Со оваа регистрација, осуденото лице првпат во животот доби правен идентитет – што му овозможува пристап до здравствени, образовни и социјални услуги. Ова претставува не само исполнување на законска обврска, туку и клучен чекор во неговата ресоцијализација и интеграција во општеството.
Настанот е резултат на одлична соработка и координација меѓу раководството на затворот, стручните служби и надлежните институции, и јасно укажува дека хуманоста, инклузивноста и правичноста се вредности што се негуваат и во рамките на пенитенцијарниот систем.
Посебна благодарност се упатува до Наташа Декорации и Гламур Декор за нивниот несебичен придонес и поддршка во реализацијата на настанот.
Овој чин не е само административен потег – тој претставува симбол на надеж, можност за нов почеток и доказ дека секој човек заслужува шанса за достоинствен живот.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХАЈП МК/Е.Л./Извор/Управа за извршување на санкции/Управа за изврсување на санкcии