Полицијата во Беране им одзеде возила на Поповиќ и Вујовиќ!
Полицијата во Беране им одзеде возила на Поповиќ и Вујовиќ!
Во рамките на засилените активности на полицијата на северот на Црна Гора, спроведени се бројни контроли на лица и возила, при што се одземени две луксузни возила марка „БМW“ од Велибор Поповиќ (48) и Александар Вујовиќ (27) од Беране. Двајцата се сметаат за оперативно интересни лица, а Поповиќ е познат како близок соработник на Вук Вулевиќ, кој, според полициската документација, е член на организирана криминална група.
Фото: Управа полиcиjе
Од Управата на полицијата соопштија дека овие активности се дел од регионалните оперативни акции „Трагач“ и „Рација“, спроведени од Регионалниот центар за безбедност „Север“. Целта на акцијата била контрола на лица поврзани со криминал, нивно лоцирање и приведување, како и проверка на нивното движење и присуство во угостителски објекти.
Полицијата во Беране им одзеде возила на Поповиќ и Вујовиќ!
Во текот на синоќешната акција, контролирани биле 280 лица, приведени се седум, додека полицијата извршила контрола на 180 возила и нивните возачи. Во Беране и Андријевица биле контролирани над 100 лица во угостителски објекти, а во Рожаје, во соработка со туристичката инспекција, извршена е контрола на повеќе локали, при што се констатирани неправилности.
Издадени се прекршочни налози за правни субјекти и одговорни лица, а за еден објект е донесено решение за забрана на вршење угостителска дејност.
Полицијата најави продолжување на интензивните мерки за сузбивање на сите форми на криминал, зачувување на јавниот ред и мир, заштита на животот и имотот на граѓаните, како и зголемување на безбедноста во регионот.
БОНУС ВИДЕО!
КОЈА Е НОВАТА ДЕВОЈКА НА БАКА ПРАСЕ? Работела во ресторан, студира тежок факултет! (ФОТО)
ИНСТАГРАМОТ НА КАРЛЕУША ПОВТОРНО ИЗБРИШАН!
СНЕЖЕ ВЕЛКОВ ГО ДОБИЛА ИМЕТО ПО „СНЕЖАНА И СЕДУМТЕ ЏУЏИЊА“ – БРАТ И ГО ДАЛ ПРЕДЛОГОТ! (ФОТО)
Сидни Свини го украде шоуто на венчавката на Џеф Безос – сите погледи вперени во неа!
ВРЕМЕСКА БОМБА ЗА ПОНЕДЕЛНИК! — 30 ЈУНИ ВО СКОПЈЕ: ЖЕШКО, СТИЛСКО И СО ПРИВРЕМЕНИ ДОЖДОВИ!
ХОРОСКОП ЗА 30 ЈУНИ, ПОНЕДЕЛНИК! НОВА МОЖНОСТ ВО ЖИВОТОТ НА РАКОТ ОВА ЛЕТО!
МАРКО ТАСЕВСКИ ИНДИГО: „НЕ МОЖЕ ДА ЗГРЕШИ НЕКОЈ ШТО ЗНАЕ ДА ЦРТА!“ (ВИДЕО)
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХАЈП МК/Е.Л./Извор/виjести.ме