Саша Мирковиќ: „УБИЕЦОТ сè уште не е пронајден затоа што е во БЕГСТВО, а Шератон е НЕБЕЗБЕДЕН хотел!“ (ВИДЕО)
Саша Мирковиќ: „УБИЕЦОТ сè уште не е пронајден затоа што е во БЕГСТВО, а Шератон е НЕБЕЗБЕДЕН хотел!“ (ВИДЕО)
Саша Мирковиќ: „УБИЕЦОТ сè уште не е пронајден затоа што е во БЕГСТВО, а Шератон е НЕБЕЗБЕДЕН хотел!“
Сопственикот и директор на Хyпе продукција, Саша Мирковиќ, повторно се врати на местото на настанот — загрепскиот хотел „Шератон“, каде што на 10 мај врз него беше извршен обид за убиство од страна на Велибор Поповиќ Поп.
Фото: принтскрин/тикток/сашамирковиќ/инстаграм
Саша повторно направи реконструкција на настанот во кој Поп го нападнал, при што се упати и до рецепцијата на хотелот за да побара сметка за услугите:
„Еве можете да го видите самиот влез во хотелот Шератон. Од ова место до влезот има точно пет чекори, значи нема никој пред хотелот. Нема обезбедување и хотелот е многу небезбеден. А мене овде речиси ме уби Велибор Поповиќ Поп, и тоа со удар одзади. Тој стоеше малку подалеку, јас направив чекор, ја земав чантичката од задното седиште од автомобилот, ги затворив вратите и тргнав. Ми рече: ‘Можеме ли да поразговараме?’, направив уште еден чекор кон влезот и тука некаде го добив тој удар“, изјави Саша, па продолжи:
Саша Мирковиќ НА МЕСТОТО НА ОБИДОТ ЗА УБИСТВО во хотелот во Загреб!
„Потоа следеше удирање со нозе, и на крајот завршен удар што беше насочен директно кон главата. Јас ја ставив раката за да се заштитам и тој ме удри право во раката со намера да ме убие. Денес сум во Загреб за вадење конци кај доктор Рјачиќ. Голема благодарност до целиот тим од КБЦ ‘Ребро’, и особено до доктор Рјачиќ за сè што направи. Сега следува и физикална терапија на раката. Во меѓувреме, полицијата и обвинителството го бараат убиецот. Сега влегувам во хотелот затоа што сакам да побарам сметка која не можев да ја земам тогаш — бидејќи бев претепан. Еве, консиержот стои, нема никакво обезбедување, и слободно може да се каже дека хотелот е небезбеден“ – откри Саша.
УБИЕЦОТ СÈ УШТЕ Е НА СЛОБОДА!
По тоа, Саша ѝ се обрати на рецепцијата во хотелот „Шератон“:
„Добар ден, јас сум Саша Мирковиќ, бев гостин во вашиот хотел на 10 мај, кога се случи обид за убиство пред хотелот. Ве молам, бидејќи досега не добив сметка, да ми ја издадете сметката што уредно ја платив“, рече Саша.
На тоа, персоналот му одговори дека треба да ја тргне камерата:
„Зошто? Се снимам себеси, зошто не е дозволено снимање? Како не е дозволено снимање, кога јас бев снимен додека излегував од хотелот и лежев ничкум на подот? Во меѓувреме, морам да ве известам дека никој од хотелот ‘Шератон’ не стапи во контакт со мене, освен едно кратко извинување преку имејл во кое пишуваше дека повикале брза помош. Не добив вистинско извинување, ниту каква било помош, иако лежев на подот додека човекот ме шуткаше одзади. Еве, уште еднаш, ова е лобито на хотелот од кое излегував. Фреквенцијата тука секогаш е огромна. Јас ја вадам чантичката, правам два чекора, добивам удар и потоа следува брутално удирање со нозе и тешки удари кон главата“ – заклучи Саша.
@сасамирковиcоффиcиал Вратио сам се у хотел Схератон испред коjег су покусали да ме уб*jу на само пар корака од улаза у хотел! Као сто видите ни данас нема обезбеџења испред хотела… За уб*cом (кукавиcом) коjи удара са леџа полиcиjа jос увек трага! Погледаjте cео клип #сасамирковиc
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХYПЕ МК/Е.Л.