ОВА Е МЕНИТО НА АНЏЕЛИНА ЏОЛИ: Откриена тајната на нејзината совршена линија – еве што строго избегнува!
ОВА Е МЕНИТО НА АНЏЕЛИНА ЏОЛИ: Откриена тајната на нејзината совршена линија – еве што строго избегнува
Profimedia
Анџелина Џоли отсекогаш важела за жена со елегантна, витка фигура. По раѓањето на близнаците, нејзината тежина значително се намали, а тој тренд продолжи и по двојната мастектомија, на која се подложи од страв дека може да го наследи ракот на дојка од својата мајка.
Од тогаш, Џоли никогаш целосно не се вратила на старата телесна тежина, поради што во јавноста се појавија гласини дека е сериозно болна. Пооптимистичките претпоставки се однесуваа на анорексија или на голем психолошки стрес, поврзан со грижата за децата, разводот и бројните деловни обврски.
Сепак, изгледа дека токму ваквиот изглед ѝ одговара, бидејќи внимателно го одржува со години.
Иако е слаба, нејзината кожа секогаш изгледа совршено, а лицето ѝ зрачи со свежина и здравје — што ѝ донесе статус на заштитно лице на една од најголемите светски козметички компании.