,,МАЈКА МИ СЕ БАВЕШЕ СО КРИМИНАЛ, СИТЕ СЕ ГРИЖЕА ЗА МЕНЕ ОСВЕН НЕА!” Тара Симов брутално искрена ја раскажа ТАЖНАТА ПРИКАЗНА ОД ДЕТСТВОТО! (ФОТО+ВИДЕО)
,,МАЈКА МИ СЕ БАВЕШЕ СО КРИМИНАЛ, СИТЕ СЕ ГРИЖЕА ЗА МЕНЕ ОСВЕН НЕА!” Тара Симов брутално искрена ја раскажа ТАЖНАТА ПРИКАЗНА ОД ДЕТСТВОТО! (ФОТО+ВИДЕО)
фото/ хајп тв мк
Тара Симов, јавноста ја запозна како контроверзна риалити учесничка. Но, зад провокативниот имиџ и храбриот став се крие длабоко емотивна и болна животна приказна. Во своето најново гостување во подкастот „Лазаров Шоу“, Тара ја отвори душата. За првпат јавно проговори за тешкото детство, обележано со запоставување, болка и тага.
„Маjка ми се бавеше со кримин. Наместо да ми биде пример, таа беше отсутна. Буквално сите се грижеа за мене, освен неа,“ изјави Тара со видлива емоција, зборувајќи за своето минато.
Како дете, таа растела во средина каде љубовта и сигурноста биле реткост. Често чувствувала дека не припаѓа и дека е непосакувана. Многу пати останувала сама да се справува со животните предизвици.
Единствена утеха наоѓала во грижата од баба ѝ, неколку соседи и блиски роднини. Тие се труделе да ја заштитат од суровата реалност што ја живеела.
„Сите околу мене се обидуваа да ми го пополнат тој емоционален празни, но мајка ми никогаш не беше тука. Повеќе време поминуваше со луѓе од подземјето, отколку со мене. Научив да бидам силна, но по цена на детството,“ продолжи таа.
Ова признание наиде на силни реакции кај публиката, која беше изненадена од длабочината и болката што стои зад ликот на Тара, која често биле погрешно разбрана и осудувана поради својот јавен имиџ.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ЦЕЛИОТ ПОДКАСТ!
„Можеби затоа подоцна барав љубов на погрешни места, се бунев, бев гласна и дивја. Сето тоа беше викање по внимание кое никогаш не го добив дома,“ рече Тара со солзи во очите.
Со оваа исповед, Тара Симов покажа дека нејзиниот пат не бил ниту малку лесен, и дека секоја нејзина борба има корени во трауми што не се избришуваат лесно. Но денес, како возрасна жена, таа не се срами од своето минато — туку го користи како мотивација да стане подобра верзија од себе и да им помогне на другите кои минуваат низ слични болки.
Оваа приказна не е само исповед — туку и доказ дека и најранетите можат да се издигнат и да најдат свој пат кон светлината.
Хyпе ТВ
КОНCЕРТ ВО СКЕНДЕРИJА – ЛУКАС, ШКОРИḰ, ИЛИḰ – КАРТИ ТУКА.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!
ХYПЕ МК/Д.Н.