МАКЕДОНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ЦЕЛОСНА: КАПИТЕНОТ БАРДИ СЕ ВРАЌА НА ТРЕНИНГ!
МАКЕДОНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ЦЕЛОСНА: КАПИТЕНОТ БАРДИ СЕ ВРАЌА НА ТРЕНИНГ!
Македонската фудбалска репрезентација е конечно комплетна, откако капитенот Енис Барди денеска се приклучи на подготовките за претстојните квалификациски натпревари за Светското првенство 2026. Барди, кој игра за Бодрумспор, го одработи својот прв тренинг со тимот, подготвувајќи се за дуелите со Белгија на 6 јуни и Казахстан на 9 јуни.
Со неговото враќање, селекторот Благоја Милевски сега располага со целосниот состав за овој квалификациски циклус. Фокусот на тимот е насочен кон натпреварот со Белгија, кој се смета за клучен во борбата за пласман на Светското првенство.
Претходно, Барди се соочуваше со повреда на десното рамо, што го спречи да учествува во натпреварите против Хрватска и Чешка. Сепак, неговото враќање во тимот е значајно за моралот и квалитетот на репрезентацијата.
Подготовките продолжуваат со полна пареа, а очекувањата се високи за претстојните натпревари.
Хyпе ТВ
КОНCЕРТ ВО СКЕНДЕРИJА – ЛУКАС, ШКОРИḰ, ИЛИḰ – КАРТИ ТУКА.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!