Ивона за смртта на Панчо: „Изгубивме уште еден музичар,уште еден хуман човек, но делата што ги остави зад себе ќе живеат“
Ивона за смртта на Панчо: „Изгубивме уште еден музичар,уште еден хуман човек, но делата што ги остави зад себе ќе живеат“
Смртта на Панчо од ДНК остави длабока празнина во срцата на неговите блиски, соработници и пошироката јавност. Меѓу оние кои се простија од него со искрени зборови е и Ивона Јовановиќ, која емотивно реагираше на трагичната вест.

Кога ја прашавме како ја прими веста за смртта на Панчо, таа ни одговори:
,, Доколку ми верувате, само што станувам и само што читам… Последната мисла пред да ми заѕвоните ми беше неговата објава дека доаѓаме на светот голи, и си идеме. Дека остануваат позади нас само делата. Можам да замислам колку се има мачено овие нрколку месеци, и после починувањето на татко ми и мирта што ја чувствувам кога ќе отидат на другиот свет само знам сега дека е на мирно место, сега не го боли ништо.”
,,Изгубивме уште еден огромен човек, изгубивме уште еден музичар, изгубивме уште еден хуман човек. Само може да ме смири помислата дека е на помирно место , и сега ништо не го боли. Ние треба да продолжиме да внимаваме на нашите дела, што оставаме позади нас, и како во која насока сето ова ќе отиде на ниво на целата наша држава.”- одговори Ивона.
„Го паметам како револуционер кој остави печат“
На прашањето по што ќе го памети Панчо, Ивона рече: