ЗЕРИНА ХОСПИТАЛИЗИРАНА ВО ПСИХИЈАТРИСКА УСТАНОВА – ПОВИКАНА ИТНА ПОМОШ И ПОЛИЦИЈА! (ФОТО)
ЗЕРИНА ХОСПИТАЛИЗИРАНА ВО ПСИХИЈАТРИСКА УСТАНОВА – ПОВИКАНА ИТНА ПОМОШ И ПОЛИЦИЈА! (ФОТО)
Поранешната учесничка во реалити-шоу, Зерина Хеќо, отсекогаш била контроверзна личност. Овојпат ситуацијата повторно излезе од контрола, откако се дозна дека е хоспитализирана во психијатриска установа.
Фото: ТикТок принтскрин / Зерина
Имено, според лекарскиот наод, Зерина пристигнала во установата вознемирена, расплакана, викала и галамела, и била потешка за контакт. Психијатарот ѝ препорача прием во психијатриска клиника со санитетско возило.
Како причина за хоспитализацијата се наведува лошата семејна ситуација, како и тоа што била ограбена и нема финансиски средства.
Фото: ХyпеТв
Дополнително, била повикана и полицијата за да асистира при транспортот. Стручните лица ѝ предложиле задржување на клиниката со цел да се воспостави нормално функционирање, а таа доброволно се согласила на лекување.
ЗЕРИНА ХОСПИТАЛИЗИРАНА ВО ПСИХИЈАТРИСКА УСТАНОВА!
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Да потсетиме:
Поранешната реалити учесничка, Зерина Хеќо, го шокираше целиот Балкан кога за време на емисија во живо одлучи да се ишиша.
Нејзината долга црна коса исчезнуваше пред очите на гледачите – најпрво со ножици отсече прамени, а потоа со машинка целосно ја избричи главата, станувајќи целосно ќелава.
Оваа драматична сцена остана запаметена како еден од највпечатливите моменти во реалити-програмите и сè уште се прераскажува меѓу публиката.
Имено, Зерина повторно шокираше, но овој пат корисниците на социјалните мрежи. Имено, кружи снимка од еден нејзин лајв каде што зборува дека има сексуално пренослива болест – од она што може да се чуе, не е целосно јасно дали станува збор за хламидија или сифилис.
Таа објаснува дека болеста ѝ ја пренела некоја девојка на нејзиниот партнер, а потоа и на лицето кое го снимало лајвот.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХYПЕ МК/Е.Л.