ЖЕЉКО МИТРОВИЌ ЈА УНИШТИ КИЈА КОЦКАР! НАЈАВИ И РЕПРИЗА НА АКЦИЈАТА ВО ТОАЛЕТОТ!
ЖЕЉКО МИТРОВИЌ ЈА УНИШТИ КИЈА КОЦКАР! НАЈАВИ И РЕПРИЗА НА АКЦИЈАТА ВО ТОАЛЕТОТ!
Во реалити програмите често се случува продукцијата да заташкува некој скандал, но овојпат се појавија нови детали. Имено, Жељко Митровиќ зборуваше за новиот-стар учесник Филип Ѓукиќ, познат по своите скандали, и при таа прилика ја спомена и поранешната миленичка на јавноста – Кија Коцкар.
Фото: АТАИмагес/илустраcиjа
Во текот на првата сезона од реалити шоуто, Кија и Филип имаа жешка акција во тоалетот, при што, според зборовите на сведоци, се затресе машината за перење. За овој инцидент се молчеше, особено поради тоа што тогаш Кија важеше за фаворит на продукцијата, а подоцна и победи во шоуто.
Години подоцна, сопственикот на „Пинк“ – Жељко Митровиќ, зборувајќи за Филип, со кого очигледно има некаков договор, саркастично го спомена „инцидентот“ со скршената WC школка, за кој тогаш зборуваа медиумите, но не и продукцијата.
„Се надевам, и тоа го вклучивме во договорот, во случај да се задржи во тоалетот со Кија Коцкар, дека сето тоа мора да биде така обликувано и форматирано – за да не ни го сруши сетот“, изјави Митровиќ низ потсмев, додека Филип, кој стоеше покрај него, гласно се смееше.
„Минатиот пат целиот реалити простор се тресеше. Го загрози и остатокот од учесниците. Конструкцијата е стабилна, ама не баш толку за да издржи…“, додаде Жељко тенденциозно.
Ова е првпат продукцијата јавно да потврди скандал што претходно го негираше или игнорираше.
Кој е Филип Ѓукиќ?
Да потсетиме, Филип Ѓукиќ е познат по својот ексцентричен изглед, но и по шокантни јавни изјави. Во една неодамнешна изјава, раскажа за искуство со девојка која, според него, се обидела „да му подметне дете“.
Фото: АТАИмагес/илустраcиjа
„Знаете кога риба сакаше да ми подметне бебе? Бев со некоја девојка, и по два месеца отидов да работам на брод. Се вратив неславно и седев во менувачница. Стигнува порака од неа – дали сум тука, морала нешто да ми каже. Ми рече дека се породила и дека детето е мое“, раскажа Филип.
„Тогаш ѝ реков: ‘Немој да се навредиш, ако не е проблем – да направиме тест’. Таа прифати, рече дека не е проблем. Стигна порака: ‘Не е твое. Немој да ме бараш, би ти била благодарна’. Тоа вечер, се ус*ав како да сум добил близнаци“, додаде тој, низ шега, во еден подкаст.
БОНУС ВИДЕО!
ЕКСКЛУЗИВНО! ХАЈП ТЕСТ СО АНТОНИА И ЏОКЕР: „ЖЕШКИТЕ“ МОМЕНТИ СЕ СЛУЧУВААТ ВО КУЈНА! (ВИДЕО)
ЕКСКЛУЗИВНО ИНТЕРВЈУ! НИНА РЕД: „СУМ ПЛАЧЕЛА ПОРАДИ НЕГАТИВНИ КОМЕНТАРИ!“ (ВИДЕО)
ОКТАЈ СЕЈДИ: ИКОНА НА СТИЛОТ И ИНСПИРАЦИЈА НА НОВИТЕ ГЕНЕРАЦИИ! (ВИДЕО)
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХАЈП МК/Е.Л.