Започна судењето за сообраќајката на „Партизански одреди“ во која загина Фросина Кулакова!
Започна судењето за сообраќајката на „Партизански одреди“ во која загина Фросина Кулакова!
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска започна судењето против Васил Јованов, обвинет за тешкото сообраќајно дело во кое на 29 јануари 2025 година трагично го загуби животот 25-годишната Фросина Кулакова.
фото: принтскрин/фб/макфактор
Обвинителството го товари Васил Јованов за кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, за што е предвидена затворска казна до 20 години.
фото:архива
Според обвинението, тој без возачка дозвола, под дејство на алкохол и со брзина од 91 километар на час, го управувал возилото на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. На пешачки премин, возејќи на црвено светло, удрил во Кулакова, која во тој момент поминувала на зелено светло за пешаци. Таа починала на лице место од здобиените повреди.
ДЕСЕТ ГОДИНИ ОД ТРАГЕДИЈАТА ВО „ДИВО НАСЕЉЕ“ – СЕЌАВАЊЕ НА ХРАБРИТЕ ХЕРОИ!
На денешното рочиште, судот ги сослуша воведните зборови на обвинителството и одбраната, по што следува презентирање на доказите и сослушување на сведоците. Случајот го води судија Мирјана Лазаревска, а обвинител е Игор Јакимовски од Основното јавно обвинителство Скопје.
Се бара 24-годишниот Фатон Латифи од Куманово – исчезнал во непознат правец!
Коментар на социјална мрежа го доведе до суд: Осуден скопјанец за ширење омраза!
Грешка или најслатка пакост? Момче нарачало илјадници лижавчиња преку интернет!(видео)
16-годишно девојче исчезна во Скопје – МВР трага по неа!
Бонус видео:
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА JУТУБ КАНАЛОТ НА ХАЈП МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!