Започна судењето за скандалот на Онкологија: Васев и тројца лекари обвинети за тешки пропусти во лекување пациенти!
Започна судењето за скандалот на Онкологија: Васев и тројца лекари обвинети за тешки пропусти во лекување пациенти!
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска започна судењето за случајот кој ја потресе јавноста – поранешниот директор на Клиниката за онкологија, д-р Нино Васев, заедно со уште тројца лекари, се соочуваат со сериозни обвиненија за несовесно лекување на пациенти.
фото:принтскрин/24вести
Според Обвинителството, Васев и уште еден лекар, во соизвршителство, се товарат за „тешки дела против здравјето на луѓето и несовесно лекување болни“. Обвинителниот акт открива дека кај најмалку 29 пациенти била применета неподобна и нетипична терапија, со отстапувања од стандардните онколошки протоколи. Притоа, биле користени нови генерации лекови за таргет и имунотерапија без да постојат медицински индикации, што, според експертските вештачења, сериозно го нарушило здравјето на пациентите.
Обвинението посочува и дека една од обвинетите докторки му го отстапила на Васев својот факсимил, лозинка и корисничко име за пристап до ХИС системот, со што тој можел да препишува терапија без формална контрола.
Останатите двајца обвинети лекари се товарат за продолжено дело на несовесно лекување, откако утврдено е дека препишувале имуно и таргет терапии на пациенти со крајно нарушено здравје, без да бидат земени предвид клучни медицински параметри како телесна тежина и висина, што дополнително ја влошило нивната состојба.
Покрај медицинскиот дел, Васев се соочува и со уште едно обвинение поврзано со економското работење на Клиниката, каде што заедно со поранешниот економски директор се обвинува за злоупотреба на службената положба, измама и проневера во периодот од 2018 до 2022 година. Нанесената штета на буџетот се проценува на над 2,2 милијарди денари, а според обвинението, дел од лековите биле и лично присвоени од страна на Васев.
Истражниот процес траеше неколку месеци, а клучен доказен материјал беа медицинските вештачења направени во Србија и Словенија, со цел да се обезбеди непристрасност. Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски изјави дека во најголем дел од случаите биле утврдени сериозни отстапувања од медицинските стандарди.
Случајот е доделен на судијката Снежана Марковска, која веќе водела предмети со висок јавен интерес, меѓу кои и трагичниот случај на прегазената Фросина Кулакова.
Овој процес се очекува да биде еден од најзначајните во македонското здравство, со потенцијални импликации за целиот систем на контрола, отчетност и етика во третманот на тешко болни пациенти.
БОНУС ВИДЕО:
КОЈА Е НОВАТА ДЕВОЈКА НА БАКА ПРАСЕ? Работела во ресторан, студира тежок факултет! (ФОТО)
ИНСТАГРАМОТ НА КАРЛЕУША ПОВТОРНО ИЗБРИШАН!
СНЕЖЕ ВЕЛКОВ ГО ДОБИЛА ИМЕТО ПО „СНЕЖАНА И СЕДУМТЕ ЏУЏИЊА“ – БРАТ И ГО ДАЛ ПРЕДЛОГОТ! (ФОТО)
Сидни Свини го украде шоуто на венчавката на Џеф Безос – сите погледи вперени во неа!
ВРЕМЕСКА БОМБА ЗА ПОНЕДЕЛНИК! — 30 ЈУНИ ВО СКОПЈЕ: ЖЕШКО, СТИЛСКО И СО ПРИВРЕМЕНИ ДОЖДОВИ!
ХОРОСКОП ЗА 30 ЈУНИ, ПОНЕДЕЛНИК! НОВА МОЖНОСТ ВО ЖИВОТОТ НА РАКОТ ОВА ЛЕТО!
МАРКО ТАСЕВСКИ ИНДИГО: „НЕ МОЖЕ ДА ЗГРЕШИ НЕКОЈ ШТО ЗНАЕ ДА ЦРТА!“ (ВИДЕО)
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХАЈП МК/Е.Л.