ЗАГИНАА НАЈМАЛКУ 60 ЛИЦА, МЕЃУ КОИ 20 ДЕЦА!
ЗАГИНАА НАЈМАЛКУ 60 ЛИЦА, МЕЃУ КОИ 20 ДЕЦА!
Иранската државна телевизија денеска соопшти дека околу 60 лица, меѓу кои и 20 деца, загинале во израелски напад врз станбен комплекс во иранската престолнина Техеран.
Фото: АП Пхото / Томер Неуберг
„Станбена зграда во населбата Шахид Чамран, во поширокото подрачје околу Техеран, се урна во петокот како резултат на израелските воздушни напади, при што загинаа 60 жители, вклучувајќи и 20 деца“, пренесе руската новинска агенција ТАСС.
Израелските медиуми јавуваат дека во возвратните ирански воздушни напади врз Израел биле повредени околу 80 лица, меѓу кои три лица кои се здобиле со тешки повреди и подоцна им подлегнале.
Според соопштението на израелската санитетска служба, неколкумина се здобиле со тешки повреди, додека останатите се полесно повредени или страдаат од акутна анксиозност. Ова го пренесува реномираниот весник Тајмс оф Израел.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) во петокот ја започнаа операцијата „Подем на лавот“, во која целите беа воени и нуклеарни објекти на различни локации во Иран.
Иран со предупредување до САД, Велика Британија и Франција
Иран денеска ги предупреди Соединетите Американски Држави, Обединетото Кралство и Франција дека нивните бази и бродови во регионот ќе бидат цел на напади. Посочија, доколку се обидат да го спречат одговорот на Техеран кон Израел, објавија иранските државни медиуми.
Повикувајќи се на извор запознаен со плановите на иранската воена команда, новинската агенција Фарс пренесе дека Иран планира напади врз американски воени бази на Блискиот Исток, објави Ројтерс.
ЗАГИНАА НАЈМАЛКУ 60 ЛИЦА, МЕЃУ КОИ 20 ДЕЦА!
По израелските напади врз Техеран, Пентагон распореди два американски разурнувачи кон источниот Медитеран. Можнен е ирански одмазднички напад, пренесе Политико. Овој медиум се повикува на неименувани извори. Тие тврдат дека бродовите, способни да се бранат од балистички и крстаречки ракети, веќе се наоѓале во регионот.
Според истите извори, тие обезбедуваат дополнителна безбедност за американската имотна инфраструктура на Блискиот Исток. Тие би можеле да му дадат поддршка на Израел во одбивање на ирански ракетни напади.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХАЈП МК/Е.Л.