Забрана за движење во шума до крајот на август – казни и до 2.000 евра за прекршителите!
Забрана за движење во шума до крајот на август – казни и до 2.000 евра за прекршителите!
фото:пихес
Министерството за внатрешни работи ги извести граѓаните дека од 1 јули до 31 август 2025 година стапува на сила целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште низ целата држава. Одлуката е донесена по барање на ЈП „Национални шуми“ и Националните паркови, а Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство даде согласност врз основа на Законот за шумите, поради зголемен ризик од пожари.
Во наведениот период, движењето во шумите ќе биде дозволено единствено со писмено одобрение издадено од надлежните подружници на ЈП „Национални шуми“ и управите на Националните паркови, зависно од подрачјето.
Сите лица кои ќе бидат затекнати како се движат во шума без одобрение ќе се соочат со строги казни. Согласно член 106 од Законот за шумите, глобата изнесува од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност.
Надлежните апелираат до граѓаните за максимална внимателност и одговорност, со цел заштита на шумските подрачја од потенцијални пожари во летните месеци.
Забрана за движење во шума до крајот на август – казни и до 2.000 евра за прекршителите!
БОНУС ВИДЕО:
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!