Врховен суд ја укина пресудата за Васил Јованов за трговија со дрога – предметот се враќа на повторно одлучување!
Врховен суд ја укина пресудата за Васил Јованов за трговија со дрога – предметот се враќа на повторно одлучување!
Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија ја укина правосилната пресуда против Васил Јованов за поседување и продажба на дрога, донесена од Апелациониот суд Скопје, и предметот го врати на повторно постапување. Одлуката е донесена на седница одржана на 7 мај 2025 година, а објавена на официјалната веб-страница на Врховниот суд.
Пресудата што беше укината, датира од 5 февруари годинава, кога Апелациониот суд го осуди Јованов на три години и 10 месеци затвор за поседување и трговија со марихуана и кокаин. Оваа казна претставуваше заострување на првичната мерка – воспитно-поправен дом, која му беше изречена од Основниот кривичен суд Скопје.
фото: сдк.мк
Одбраната на Јованов, преку неговиот бранител, адвокат Панче Нефтенов, побарала вонредно преиспитување на пресудата, на што Врховниот суд позитивно одговорил.
Важен контекст е што оваа одлука е донесена само една недела пред Јованов да биде осуден на 12 години затвор за тешка сообраќајна несреќа, во која на 22 април смртно ја прегази 22-годишната Фросина Кулакова на пешачки премин во Скопје. Во оваа постапка, токму претходната пресуда за дрога беше земена како отежнителна околност при одмерување на казната.
Иако одлуката на Врховниот суд била донесена пред рочиштето за сообраќајката, таа не била спомената во текот на изрекувањето на казната. Сега, Апелациониот суд повторно ќе треба да одлучува по предметот за трговија со дрога, а паралелно, одбраната на Јованов најави жалба и за пресудата за сообраќајната несреќа.
Случајот предизвика големо внимание во јавноста, особено поради фактот што Јованов бил на слобода поради претходната поблага казна, во моментот кога се случи фаталната несреќа.
БОНУС ВИДЕО:
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!