ВО СЛУЧАЈОТ СО МЕТЈУ ПЕРИ – ДОКТОРОТ ПРИЗНА ВИНА!
ВО СЛУЧАЈОТ СО МЕТЈУ ПЕРИ – ДОКТОРОТ ПРИЗНА ВИНА!
фото/Лос Ангелес Тиме
Докторот Салвадор Пласенсија (43), еден од петте обвинети во случајот поврзан со предозирањето и трагичната смрт на актерот Метју Пери, се изјасни за виновен во федералниот суд во Лос Анџелес.
Пласенсија призна вина по четири точки од обвинението за нелегална дистрибуција на кетамин – моќен анестетик кој сè почесто се злоупотребува како дрога. Тој ќе биде осуден на 3 декември, а според американските закони, се соочува со затворска казна до 40 години. Дополнително, докторот ќе се откаже и од својата медицинска лиценца.
Иако не бил директно одговорен за фаталната доза што го однесе Пери, Пласенсија го снабдувал актерот со кетамин во неделите пред неговата смрт. Телото на ѕвездата од серијата Фриендс беше пронајдено во џакузи во неговиот дом во Лос Анџелес во октомври 2023 година, што ја шокираше јавноста.
Според обвинителите, Пласенсија набавувал кетамин од друг доктор – Марк Чавез, кој веќе се изјасни за виновен – и потоа му го препродавал на Пери по значително повисоки цени. Во една од пораките што беа презентирани како доказ, Пласенсија напишал: „Се прашувам колку ќе плати овој идиот“, алудирајќи на актерот.
Случајот отвори сериозни прашања околу злоупотребата на рецепти во Холивуд и лесниот пристап до опасни супстанции, дури и за ѕвезди со светска слава. Обожавателите сè уште тагуваат за Метју Пери, а правдата за неговата смрт сè уште се процесира по судските лавиринти.
Хyпе ТВ
КОНЦЕРТ ВО СКЕНДЕРИJА – ЛУКАС, ШКОРИḰ, ИЛИḰ – КАРТИ ТУКА.
БОНУС ВИДЕО!
КОЈА Е НОВАТА ДЕВОЈКА НА БАКА ПРАСЕ? Работела во ресторан, студира тежок факултет! (ФОТО)
ИНСТАГРАМОТ НА КАРЛЕУША ПОВТОРНО ИЗБРИШАН!
СНЕЖЕ ВЕЛКОВ ГО ДОБИЛА ИМЕТО ПО „СНЕЖАНА И СЕДУМТЕ ЏУЏИЊА“ – БРАТ И ГО ДАЛ ПРЕДЛОГОТ! (ФОТО)
Сидни Свини го украде шоуто на венчавката на Џеф Безос – сите погледи вперени во неа!
ВРЕМЕСКА БОМБА ЗА ПОНЕДЕЛНИК! — 30 ЈУНИ ВО СКОПЈЕ: ЖЕШКО, СТИЛСКО И СО ПРИВРЕМЕНИ ДОЖДОВИ!