„ВО НАРЕДНИОТ ПЕРИОД ЌЕ СЕ ПОСВЕТАМ НА ИМЕТО, ЛИКОТ И ДЕЛОТО НА БОШКО ЈАНКОВИЌ!“ Саша Мирковиќ решен да ја разоткрие ТРУЛОСТА на домашната естрада!
„ВО НАРЕДНИОТ ПЕРИОД ЌЕ СЕ ПОСВЕТАМ НА ИМЕТО, ЛИКОТ И ДЕЛОТО НА БОШКО ЈАНКОВИЌ!“ Саша Мирковиќ решен да ја разоткрие ТРУЛОСТА на домашната естрада!
„ВО НАРЕДНИОТ ПЕРИОД ЌЕ СЕ ПОСВЕТАМ НА ИМЕТО, ЛИКОТ И ДЕЛОТО НА БОШКО ЈАНКОВИЌ!“
Саша Мирковиќ решен да ја разоткрие трулоста на домашната естрада!

Фото: Инстаграм принтсcреен/саса_мирковиc_оффиcиал
Хајп продукцијата и телевизијата, предводени од Саша Мирковиќ, не престануваат да рушат рекорди! Неделава добија дозвола за емитување и во Република Хрватска.
По тој повод се огласи и самиот Мирковиќ, кој не ја криеше радоста поради оваа позитивна вест. Тој одлучи и да прозбори за извесен естраден менаџер – Бошко Јанковиќ, за кого тврди дека е вмешан во недозволени и криминални дејствија, како и дека соработува со претседателот на општина Врњачка Бања, каде заедно наместуваат тендери за пејачи.
– Хајп продукција и Хајп телевизија дефинитивно стануваат лидери во забавата на Балканот, па и пошироко. Минатата недела добивме дозвола за емитување на програмата во Република Хрватска. Благодарност до нивниот сектор за електронски медиуми за коректноста и за тоа што му дадоа шанса на Хајп телевизија да покаже дека е вистинска телевизија која продуцира забава. Продолжуваме да снимаме одлични серии и забавна програма. Хајп ѕвезди почнуваат со емитување низ целата територија на поранешна Југославија – изјави Мирковиќ.
„ВО НАРЕДНИОТ ПЕРИОД ЌЕ СЕ ПОСВЕТАМ НА ИМЕТО, ЛИКОТ И ДЕЛОТО НА БОШКО ЈАНКОВИЌ!“
Саша Мирковиќ решен да ја разоткрие трулоста на домашната естрада!
– Бидете сигурни дека ќе продолжам со разоткривање на аномалиите во естрадниот свет – на пејачи и менаџери. Таканаречени криминалци-менаџери кои не плаќаат даноци, се занимаваат со разни нелегални активности. Шверцуваат работи што ја уништуваат нашата младина, продаваат дрога, како што тоа го прават и некои пејачи кои им помагаат. Многу интересно име во сето ова е човекот по име Бошко Јанковиќ. Во наредниот период ќе се посветам токму на него – на неговото име, лик и дело. Основата на неговото постоење во естрадата е општина Врњачка Бања и соработката со криминални менаџери. Се сеќавате што ми се случи во Хрватска и како тој помогна бегалец да избега? Тој ист Јанковиќ соработува со претседателот на општина Врњачка Бања, каде што наместуваат тендери за пејачи кои им се блиски на тие криминални кругови – откри Мирковиќ.
Сè што рече, можете да го погледнете во видеото подолу:
@сасамирковиcоффиcиал Jедан упдате #сасамирковиc ♬ оригинал соунд – Саша Мирковиќ
Хyпе ТВ
КОНCЕРТ ВО СКЕНДЕРИJА – ЛУКАС, ШКОРИḰ, ИЛИḰ – КАРТИ ТУКА.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!