ВО ЕУ СÈ ПОМАЛКУ СЕМЕЈСТВА СО ДЕЦА – НО СÈ ПОВЕЌЕ СО ДОМАШНИ МИЛЕНИЦИ!
ВО ЕУ СÈ ПОМАЛКУ СЕМЕЈСТВА СО ДЕЦА – НО СÈ ПОВЕЌЕ СО ДОМАШНИ МИЛЕНИЦИ!
фото/wикипедиjа
Во 2024 година, Европската унија брои речиси 202 милиони семејства, но според податоците на Евростат, дури 76,4% од нив се без деца. Само 47,6 милиони семејства (23,6%) имаат барем едно дете, што покажува континуиран пад на наталитетот низ континентот.
Најголем удел на семејства со деца е забележан во Словачка (35,6%), Ирска (31%) и Кипар (28,6%), додека најниските стапки се регистрирани во Финска (18%), Литванија (19,6%) и Германија (20,1%).
Во просек, речиси половина од семејствата со деца имаат само едно дете (49,8%), 37,6% имаат две, а 12,6% три или повеќе деца. Интересно е што домаќинствата со едно дете се најчести во речиси сите земји на ЕУ, освен во Холандија, каде што повеќето семејства имаат две деца.
Во контраст со нискиот наталитет, љубовта кон милениците достигна рекордни бројки – околу 91 милион домаќинства во Европа (46%) чуваат барем едно животно. Вкупниот број на домашни миленици е околу 340 милиони: 127 милиони мачки, 104 милиони кучиња, 53 милиони птици, 29 милиони мали цицачи, 22 милиони аквариумски риби и 11 милиони животни во терариуми.
Федерацијата на европската индустрија за храна за миленици (ФЕДИАФ) проценува дека Европјаните годишно трошат над 30 милијарди евра за исхрана на милениците и уште 24,5 милијарди за други производи и услуги.
Во Македонија, според последниот попис, има 538.348 семејства, а приближно половина од нив имаат барем едно дете. За бројот на милениците нема целосно прецизни податоци, но во 2023 година Агенцијата за храна и ветеринарство регистрирала 84.949 миленици. Сепак, според проценките, реалната бројка е над 200 илјади.
Податоците покажуваат дека во 2024 година македонскиот пазар на храна за миленици надминал 32 милиони долари, што сведочи за значителниот раст на овој тренд и кај нас.
Хyпе ТВ
КОНCЕРТ ВО СКЕНДЕРИJА – ЛУКАС, ШКОРИḰ, ИЛИḰ – КАРТИ ТУКА.
БОНУС ВИДЕО!
КОЈА Е НОВАТА ДЕВОЈКА НА БАКА ПРАСЕ? Работела во ресторан, студира тежок факултет! (ФОТО)
ИНСТАГРАМОТ НА КАРЛЕУША ПОВТОРНО ИЗБРИШАН!
СНЕЖЕ ВЕЛКОВ ГО ДОБИЛА ИМЕТО ПО „СНЕЖАНА И СЕДУМТЕ ЏУЏИЊА“ – БРАТ И ГО ДАЛ ПРЕДЛОГОТ! (ФОТО)
Сидни Свини го украде шоуто на венчавката на Џеф Безос – сите погледи вперени во неа!
ВРЕМЕСКА БОМБА ЗА ПОНЕДЕЛНИК! — 30 ЈУНИ ВО СКОПЈЕ: ЖЕШКО, СТИЛСКО И СО ПРИВРЕМЕНИ ДОЖДОВИ!
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!