ВЕРНИЦИТЕ ДЕНЕС ГО ПРОСЛАВУВААТ ПЕТРОВДЕН! Слава на пекарите и рибарите – еве кое овошје НИКАКО не треба да се јаде!
ВЕРНИЦИТЕ ДЕНЕС ГО ПРОСЛАВУВААТ ПЕТРОВДЕН! Слава на пекарите и рибарите – еве кое овошје НИКАКО не треба да се јаде!
Православна црква денес го слави и одбележува Денот на светите апостоли Петар и Павле – празник што во народот е познат како Петровден.
Фото/ арцона.нет
Петровден во традицијата на словенските народи се смета за пресвртна точка и знак дека се наближува есента.
Петровден е еден од 15-те најголеми христијански празници, а светите апостоли истовремено ги слават сите православни цркви што го следат јулијанскиот календар. Празникот на Светите апостоли Петар и Павле е востановен како спомен на нивното мачеништво во Рим во 67 година од новата ера (според некои извори, во 69 година).
СНЕЖЕ ВЕЛКОВ ГО ДОБИЛА ИМЕТО ПО „СНЕЖАНА И СЕДУМТЕ ЏУЏИЊА“ – БРАТ И ГО ДАЛ ПРЕДЛОГОТ! (ФОТО)
Обичаи и верувања
Постои обичај на Петровден да не се работи на нива, особено да не се впрегнуваат коњи во коли. Во минатото, народот наутро ја прскал стоката со вода за таа да биде здрава, а овчарите плетеле венци и им ги ставале на роговите на животните.
Исто така, постои традиција во пресрет на овој голем празник да се палат „лилиња“, кои се прават од млада кора од дива цреша или бреза. Тоа обично се прави на места каде што се собира народ – на плоштади, крстосници – а во палењето учествуваат деца и млади.
Палењето оган и лилиња симболизира времиња кога христоборните цареви ги прогонувале и мачеле христијаните, врзувајќи ги за дрвени столбови, полевајќи ги со смола и палејќи ги. Телата им гореле како буктињи, осветлувајќи ги плоштадите – како што денес ги осветлуваат симболичните огнови и лилиња.
ГОЛЕМА ТАГА ВО СЕМЕЈСТВОТО НА ТАСКО: ПЕЈАЧОТ СКРШЕН ОД БОЛКА ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА… (ФОТО)
На Петровден не смее да се игра со јаболка – не смеат да се тркалаат, ниту да се удира една во друга, зашто се верувало дека ако тоа се направи, ќе падне голем град и ќе ги уништи посевите. Широко е распространето и верувањето дека на овој ден Свети Петар им дели јаболка на децата на оној свет, па затоа се верува дека пред Петровден не треба да се јадат јаболка.
Многу мајки што изгубиле деца, во минатото не јаделе јаболка пред овој празник, за да не се случи нивното дете да не добие јаболко на оној свет. Доколку сте љубител на јаболка, на Петровден се препорачува да ги јадете – но никако да не ги сечете со нож, туку само да ги гризете! Ова овошје инаку симболизира слаткост и мир меѓу луѓето.
Слава на пекарите и рибарите
Петровден е слава на пекарите и рибарите. Овој празник во Србија се одбележува како слава на многубројни православни семејства, но и на цели населени места.
БОНУС ВИДЕО!
КОЈА Е НОВАТА ДЕВОЈКА НА БАКА ПРАСЕ? Работела во ресторан, студира тежок факултет! (ФОТО)
ИНСТАГРАМОТ НА КАРЛЕУША ПОВТОРНО ИЗБРИШАН!
СНЕЖЕ ВЕЛКОВ ГО ДОБИЛА ИМЕТО ПО „СНЕЖАНА И СЕДУМТЕ ЏУЏИЊА“ – БРАТ И ГО ДАЛ ПРЕДЛОГОТ! (ФОТО)
Сидни Свини го украде шоуто на венчавката на Џеф Безос – сите погледи вперени во неа!
ВРЕМЕСКА БОМБА ЗА ПОНЕДЕЛНИК! — 30 ЈУНИ ВО СКОПЈЕ: ЖЕШКО, СТИЛСКО И СО ПРИВРЕМЕНИ ДОЖДОВИ!
ХОРОСКОП ЗА 30 ЈУНИ, ПОНЕДЕЛНИК! НОВА МОЖНОСТ ВО ЖИВОТОТ НА РАКОТ ОВА ЛЕТО!
МАРКО ТАСЕВСКИ ИНДИГО: „НЕ МОЖЕ ДА ЗГРЕШИ НЕКОЈ ШТО ЗНАЕ ДА ЦРТА!“ (ВИДЕО)
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХАЈП МК/Е.Л.