ВЕ МАЧИ МРСНА КОСА? Фризер открива колку често треба да се мие и кој шампон е најдобар!
ВЕ МАЧИ МРСНА КОСА? Фризер открива колку често треба да се мие и кој шампон е најдобар!
Мрсната коса се појавува поради природното лачење на себум од лојните жлезди што се наоѓаат покрај коренот на секое влакно. Ова лачење не може целосно да се спречи со козметички производи, туку само да се намали неговото количество.
Фото ПИXАБАY: Крзyсиек
Исхраната игра значајна улога
На изгледот и квалитетот на косата – па така и на појавата на мрсна коса – влијаат генетиката, исхраната и стресот, според порталот „Бустле“. Исхраната има големо значење. Стручњаците велат дека храната богата со пржени состојки, млечни производи, шеќери и рафинирани јаглехидрати може да го зголеми лачењето на себум, додека поздрава исхрана придонесува за поздрав изглед на косата.
Кој шампон е најдобар?
Кога станува збор за миење на косата, многумина прават грешка така што ја мијат премногу често. Но, колку почесто ја миете, толку почесто користите препарати, а лојните жлезди почнуваат да произведуваат уште повеќе маснотија како реакција и заштита од тие производи. Честото миење исто така ги отстранува природните масла, што дополнително го поттикнува мрсењето.
ВЕ МАЧИ МРСНА КОСА?
Фризерите препорачуваат шампон од коприва како најдобар избор за мрсна коса, бидејќи е природен. Може да се користат и шампони специјално наменети за мрсна коса, но без масла и разни адитиви. Кога станува збор за користење регенератор, тој треба да се нанесува во многу мала количина, исклучиво на врвовите од косата.
МАТУРАНТИ ФАТЕНИ СО МОБИЛНИ ВО РАКА: ЌЕ ГУБАТ ЦЕЛА ГОДИНА ЗАРАДИ ПРЕПИШУВАЊЕ НА МАТУРАТА?!
ПО 15 ГОДИНИ МИРОСЛАВ ИЛИЌ СЕ ВРАЌА ВО АРЕНА ЗАГРЕБ! „Нема ден а да не ме повика некој од Хрватска на настап“
На големата сцена на Арена Загреб ќе му се придружи голем оркестар, како и неколку славни гости, чии имиња ќе останат во тајност до последниот момент. Сè со цел ова долгоочекувано вечерно случување навистина да може да се нарече спектакл. Притоа, Миодраг Илиќ во Загреб ќе прослави повеќе од 50 години успешна кариера, како што неодамна направи и во Белград.
„Тоа ќе биде вечер полна со спомени, бидејќи веќе три генерации пораснаа со моите песни. Јас сум еден од ретките изведувачи на чии концерти доаѓаат и деца, и родители, и баби и дедовци. Сите сакаат да запеат и да наздрават. А кога ќе видам таква публика пред себе, тоа ми дава сила да полетам. Публиката ме подмладува и без разлика колку години имам – ќе пеам и во длабока старост. Сè додека ме служи гласот и додека не ме изнесат од сцената“, истакна прочуениот пејач.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХYПЕ МК/Е.Л.