Васил Јованов призна вина за тешката сообраќајка во која загина Фросина Кулакова!
Васил Јованов призна вина за тешката сообраќајка во која загина Фросина Кулакова!
Пред Основниот кривичен суд во Скопје, денеска обвинетиот Васил Јованов призна вина за тешкото кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, за сообраќајната несреќа што се случи во јануари оваа година на Булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, во која животот трагично го загуби Фросина Кулакова.
Јованов, кој е редовен студент и досега се наоѓаше во притвор, изрази каење пред судот и директно се извини за трагедијата.
– Најпрво сакам да изразам најдлабоко сочувство на целото семејство и да се извинам за тоа што сум го сторил. Никогаш не сум можел ниту да помислам за вакво нешто. За вината, да судија – виновен сум, рече обвинетиот пред судот.
Во судницата беа присутни родителите и сестрата на починатата Фросина, како и родителите на обвинетиот Јованов. Атмосферата беше исклучително емотивна, со солзи и тишина што го обележаа моментот на признание.
Судењето ќе продолжи со разгледување на доказите и определување на висината на казната, при што Судот ќе ја земе предвид изјавата и признанието на обвинетиот.
Започна судењето за сообраќајката на „Партизански одреди“ во која загина Фросина Кулакова!
Коментар на социјална мрежа го доведе до суд: Осуден скопјанец за ширење омраза!
Грешка или најслатка пакост? Момче нарачало илјадници лижавчиња преку интернет!(видео)
16-годишно девојче исчезна во Скопје – МВР трага по неа!
БОНУС ВИДЕО:
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА JУТУБ КАНАЛОТ НА ХАЈП МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!