ВАРДАР СИГУРЕН УЧЕСНИК ВО ЕХФ ЕВРОПСКАТА ЛИГА, АЛКАЛОИД ВО ИШЧЕКУВАЊЕ НА ПОКАНА!
ВАРДАР СИГУРЕН УЧЕСНИК ВО ЕХФ ЕВРОПСКАТА ЛИГА, АЛКАЛОИД ВО ИШЧЕКУВАЊЕ НА ПОКАНА!
Македонскиот ракомет и следната сезона ќе има силна претстава на европската сцена! Вардар официјално доби директен пласман во групната фаза на ЕХФ Европската лига, со што останува континуирано присутен во најдобрите ракометни натпреварувања на Стариот Континент.
Најтрофејниот клуб во земјава, иако заврши како втор во домашното првенство, сепак извлече максимален бенефит од тоа што Еурофарм Пелистер доби вајлд-карта за настап во Лигата на шампионите. Тоа му го отвори патот на „црвено-црните“ кон второто најсилно европско клупско натпреварување.
Сега сите очи се вперени кон ЕХФ и одлуката која треба да следи за Алкалоид. Освојувачот на ЕХФ Европскиот Куп испрати официјално барање за директен настап во Европската лига, а ракометната јавност со нетрпение го очекува исходот. Доколку биде позитивен, Македонија би имала два претставника во групната фаза, што ќе биде голем поттик за понатамошен развој на спортот.
Конечниот список на екипи што ќе играат во новата сезона на Европската лига ќе биде објавен на почетокот на јули. До тогаш, македонските клубови остануваат во подготвителен мод и во исчекување на официјалната потврда.
Хyпе ТВ
КОНCЕРТ ВО СКЕНДЕРИJА – ЛУКАС, ШКОРИḰ, ИЛИḰ – КАРТИ ТУКА.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!