ВАКА ИЗГЛЕДА ДЕНЕС ЗУМБУЛ-АГА ОД СЕРИЈАТА „ВЕЛИЧЕСТВЕНИОТ“ – РЕТКО КОЈ БИ ГО ПРЕПОЗНАЛ! (ФОТО + ВИДЕО)
ВАКА ИЗГЛЕДА ДЕНЕС ЗУМБУЛ-АГА ОД СЕРИЈАТА „ВЕЛИЧЕСТВЕНИОТ“ – РЕТКО КОЈ БИ ГО ПРЕПОЗНАЛ! (ФОТО + ВИДЕО)
Вака изгледа денес Зумбул-ага од серијата „Сулејман Величествениот“ – ретко кој би го препознал!
Фото: принтскрин/YоуТубе/Сулеjман Величанствен
Шашавиот евнух ги освои симпатиите на голем број гледачи на популарната ТВ серија, а актерот кој го толкува – е негова потполна спротивност.
Еден од најпознатите турски актери, Селим Бајрактар, стана познат низ целиот регион со улогата на Зумбул-ага во серијата „Сулејман Величествениот“, чия што прва епизода беше емитувана уште во 2011 година.
Додека публиката го памети по раскошната облека, турбанот и смешните испади, денес ретко кој може да го препознае на прв поглед – и тоа поради трансформација која одзема здив.
За помалку од еден месец ќе наполни 50 години, а неговото тело изгледа како да припаѓа на многу помлад маж.
Селим може да се пофали со извајана фигура, мускули и фит линија, на која би му завиделе и многу помлади колеги.
Има подолга, проседа коса и брада, кои одлично му прилегаат и дополнително го истакнуваат неговиот модерен и достоинствен изглед.
Виеw тхис пост он Инстаграм
Кој е Селим Бајрактар?
Роден е на 17 јуни 1975 година во Киркук, Ирак, а по потекло е Турчин.
Зборува повеќе јазици – турски, арапски, курдски и англиски – а пред да стане светски познат, со години играл споредни улоги во театарот.
Улогата на Зумбул-ага му го смени животот од корен, но неговата кариера не застана тука.
– Печатот на Зумбул-ага тешко се брише од кожата. Тој беше потполна егзотика за турската публика, покрена многу прашања и ги разниша табуата – изјави Селим за славната улога.
Приватен живот
И во приватниот живот е исполнет – минатата година се ожени со актерката Емел Каракосе, со која беше во долга врска.
Свадбата се одржа во Анталија, во интимна атмосфера, во присуство на семејството и пријателите.
Нивните заеднички фотографии често ги објавува на Инстаграм, каде што го следат повеќе од половина милион луѓе.
Освен актерството, Селим се посветил на здрав начин на живот, тренинг и дисциплина, што јасно се гледа по неговиот изглед – телото на „грчки бог“ очигледно цело време се криело под одеждите на дворската мода од минатите векови.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХYПЕ МК/Е.Л.