Утре во црквата „Свети Јован Крстител“ во Аеродром, ќе бидат изложени посмртните останки на Душко Чифлиганец!
Посмртните останки на Душко Чифлиганец ќе бидат изложени утре во црквата „Свети Јован Крстител“ во Аеродром
Младиот бизнисмен Душко Чифлиганец кој загина во несреќа со автомобил во Чешка ќе биде погребан утре, објави Групацијата Адора.
Посмртните останки ќе бидат изложеби во 14.00 часот во храмот „Свети Јован Крстител“ во Аеродром каде што ктитор е семејството Чифлиганец, а опелото ќе го предводи поглаварот на МПЦ-ОА, владиката Стефан.
„На 3 август 2025, на 32 години, трагично го загубивме Душко Чифлиганец – заменик-претседател на Адора Бизнис Групацијата. Почина во спортска сообраќајна несреќа.
Душко беше визионер и лидер со јасна цел – раст, иновации и човечност. Под негово водство, Адора се прошири во енергетика, акционерство, хотелиерство и фасилити.
Дипломиран економист од Америcан Университy ин Дубаи, кариерата ја почна со сопствена компанија за здрава исхрана.
Негов потпис носат проекти како:
• Адора Флатирон Скопjе (2017)
• Диамонд Гарден бy Адора (2018)
• 21ст Cентурy Златибор Ресиденcе & Спа (2023)
• Влез на Адора во енергетика (2021)
Во 2024 започна голем проект во Љубљана, Словенија, со цел проширување во Европа, но за жал – не успеа да го доврши.
Започна со основање на инвестициски фонд и остави трага на Вол Стрит преку Приме Cапитал бy Адора, прва македонска компанија акредитирана од Неw Yорк СЕC.
Филантропски, преку партнерство со Фондацијата „Новак Ѓоковиќ“, помогна во отворање детска градинка во Златибор.
Покрај деловниот успех, Душко беше и страстен спортист – добитник на бројни награди во мото спортот, вклучувајќи и европска титула, со што ја направи Македонија горда на меѓународната сцена“, објави компанијата за Душко Чифлиганец.
БОНУС ВИДЕО:
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХАЈП МК/Н.Т