УШТЕ ЕДНА ГОДИНА ШАНСА ОД УНЕСКО ЗА ВПИШУВАЊЕТО НА ОХРИДСКИОТ РЕГИОН ВО ЛИСТАТА НА ЗАГРОЗЕНИ СВЕТСКИ НАСЛЕДСТВА!
УШТЕ ЕДНА ГОДИНА ШАНСА ОД УНЕСКО ЗА ВПИШУВАЊЕТО НА ОХРИДСКИОТ РЕГИОН ВО ЛИСТАТА НА ЗАГРОЗЕНИ СВЕТСКИ НАСЛЕДСТВА!
На 47. сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, што се одржа во Париз, беше донесена одлука со која се одложува впишувањето на Охридскиот регион на Листата на светски наследства во опасност. Наместо тоа, Република Македонија и Република Албанија добија дополнителен рок од една година за спроведување на неопходните корективни мерки. Државите имаат обврска да достават детални извештаи до 1 февруари 2026 година.
Фото/ лх3.гооглеусерcонтент
Овој потег уследи по заедничкиот амандман што го поднесоа македонските претставници во Париз, согласно одлука на Владата, со кој беше побарано повлекување на нацрт-одлуката за ставање на Охрид на листата на загрозени богатства.
Инаку, 40 организации од регионот и Европа пред само два дена испратија формално барање до УНЕСКО Охридскиот регион конечно да биде ставен на листата на загрозени подрачја, како мерка за зачувување на неговото природно и културно богатство.
УШТЕ ЕДНА ГОДИНА ШАНСА ОД УНЕСКО!
МИА КОСТОВА СО САРКАСТИЧНА ПОРАКА ДО ИНФЛУЕНСЕРИТЕ: „НЕ ГЛУМЕТЕ ЕЛИТА, ЌЕ ВЕ ТАГНУВАМ СЛЕДЕН ПАТ!“
Првичниот нацрт-документ од Комитетот содржеше строги препораки, меѓу кои: итна заштита на Студенчишкото Блато, стопирање на сите градежни активности околу блатото и хотелскиот комплекс „Горица“, како и ревизија на предлог-законот за прогласување на блатото за Парк на природата, за да биде усогласен со меѓународните стандарди.
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, одржаа прес-конференција по објавата на одлуката.
„Комитетот за светско наследство на УНЕСКО на денешната 47. сесија што се одржува во Париз донесе одлука со која на Република Македонија и на Република Албанија им се даде дополнително една година за спроведување корективни мерки, односно временска рамка за имплементација на активностите за зачувување на светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион. Оваа одлука е резултат на заедничките заложби на Владата на Република Македонија и на Владата на Република Албанија кои беа препознаени од членките на Комитетот и другите надлежни инстанци”, рече Љутков.
Тој потенцираше дека ваквата одлука е сериозна обврска, но и мотивација за Владата, со цел итно да се започне со конкретни мерки за заштита на регионот, согласно препораките од реактивните мисии од 2020 и 2024 година, како и според Стратегискиот план за рехабилитација.
ОХРИДСКИОТ РЕГИОН ВО ЛИСТАТА НА ЗАГРОЗЕНИ СВЕТСКИ НАСЛЕДСТВА!
Охридскиот регион е прогласен за светско наследство во 1979 година, а во 2019 таа заштита беше проширена и на албанската страна од езерото, со што подрачјето доби меѓудржавен статус.
Истовремено, Министерството за транспорт веќе распиша тендер за уривање на дивоградбите во Охрид и останатите заштитени подрачја, а институциите најавуваат построга контрола за зачувување на уникатната вредност на регионот.
БОНУС ВИДЕО!
КОЈА Е НОВАТА ДЕВОЈКА НА БАКА ПРАСЕ? Работела во ресторан, студира тежок факултет! (ФОТО)
ИНСТАГРАМОТ НА КАРЛЕУША ПОВТОРНО ИЗБРИШАН!
СНЕЖЕ ВЕЛКОВ ГО ДОБИЛА ИМЕТО ПО „СНЕЖАНА И СЕДУМТЕ ЏУЏИЊА“ – БРАТ И ГО ДАЛ ПРЕДЛОГОТ! (ФОТО)
Сидни Свини го украде шоуто на венчавката на Џеф Безос – сите погледи вперени во неа!
ВРЕМЕСКА БОМБА ЗА ПОНЕДЕЛНИК! — 30 ЈУНИ ВО СКОПЈЕ: ЖЕШКО, СТИЛСКО И СО ПРИВРЕМЕНИ ДОЖДОВИ!
ХОРОСКОП ЗА 30 ЈУНИ, ПОНЕДЕЛНИК! НОВА МОЖНОСТ ВО ЖИВОТОТ НА РАКОТ ОВА ЛЕТО!
МАРКО ТАСЕВСКИ ИНДИГО: „НЕ МОЖЕ ДА ЗГРЕШИ НЕКОЈ ШТО ЗНАЕ ДА ЦРТА!“ (ВИДЕО)
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХАЈП МК/Е.Л.