Уште 11 повредени од пожарот во Кочани остануваат на лекување во странство!
Уште 11 повредени од пожарот во Кочани остануваат на лекување во странство!
Министерството за здравство денеска соопшти дека четворица од повредените во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани се враќаат од странски болници и ќе продолжат со лекување во Скопје. Еден од нив веќе пристигнал од Софија вчера, двајца доаѓаат денеска од Белград, а уште еден пациент се очекува да пристигне утре, повторно од Софија.
ЗАКАНИ ЗА ПРИТВОР НА РОДИТЕЛИТЕ НА МАЛОЛЕТНИТЕ ДЕCА ЗАГИНАТИ ВО ТРАГЕДИJАТА ВО КОЧАНИ?!
Со нивното враќање, бројот на пациенти кои сè уште се лекуваат во странски медицински центри се намалува на 11. Министерството информира дека нивната здравствена состојба е стабилна.
Во меѓувреме, специјалисти од Клиниката за пластична хирургија редовно ги посетуваат повредените во Општата болница во Кочани, каде вршат прегледи, медицински третмани и тријажа. Исто така, во третманот се вклучени и експерти по физикална медицина и психијатрија, со цел сеопфатна грижа за пациентите со изгореници.
„Министерството за здравство континуирано ја следи состојбата со повредените пациенти и презема сè неопходно за обезбедување на најдобар можен третман и рехабилитација,“ се наведува во соопштението.
Да потсетиме, во пожарот што избувна на 16 март во дискотеката „Пулс“ животот го загубија 62 лица, а околу 200 беа повредени и хоспитализирани во различни болници низ земјата и странство.
ЗАКАНИ ЗА ПРИТВОР НА РОДИТЕЛИТЕ НА МАЛОЛЕТНИТЕ ДЕCА ЗАГИНАТИ ВО ТРАГЕДИJАТА ВО КОЧАНИ?!
ГАЛЕНА ГИ СОБЛЕЧЕ ГАḰИЧКИТЕ НА СРЕД НАСТАП И ПОКАЖА КАКОВ ЧОВЕК Е!
МЕГАН ФОКС СЕ ПОРОДИ! Актерката го дочека своето прво дете со Машин Ган Кели!
СУДОТ ГО ОТСТРАНИ ПАЛЧО ОД СУДНИCА ПО БАРАНJЕ НА КЕШИШЕВ!
Кристина Димитри фатена во друштво на мистериозен маж – нова љубов на повидок?
Мариjа Луиса направи ПЕНА ФЕСТИВАЛ, овоj пат домаḱинството не ì тргна од рака!
Да не се шират дезинформаcии за Горан Тонев – гитаристот на ДНК! Апел од близок роднина!
Jон Фрчкоски КОРИСТЕЛ КОКАИН НА РАБОТНОТО МЕСТО! Поднесе оставка по обвинувањата!
Приведен маж од Радовиш по насилство врз бремена жена во живо на ТикТок!
Првиот паcиент успешно се врати во Македониjа!
ФАТЕНА СО ЗАДРУГАР ВО ХОТЕЛОТ! Душиcа Jаковљевиḱ по шоуто го напушти Белград!
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАJНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!