Угина мајмунка од редок вид сијаманг во Скопската Зоолошка градина!
Во Скопската Зоолошка градина угина женка мајмун од видот сијаманг, еден од поретките и највпечатливи претставници на фамилијата гибони. Од Зоолошката информираат дека причините за смртта ќе бидат официјално познати по добивањето на резултатите од обдукцијата, која ја спровеле стручњаци од Факултетот за ветеринарна медицина.

фото:пиксикс
Веста за угинувањето првично ја сподели пратеникот Стефан Кирков од ВМРО-ДПМНЕ, кој тврдеше дека мајмунката била бремена и дека била тајно носена на третман во приватни ветеринарни ординации. Зоолошката денес ги демантираше овие наводи.
„Женката не била бремена во моментот на угинување. Животните добиваат редовен и навремен ветеринарен третман штом се забележи било каков симптом. Нашиот тим и експертите од Факултетот за ветеринарна медицина прават сè што е потребно за доброто на животните. За жал, и покрај сите преземени мерки, како и кај луѓето, некои состојби не можат да се надминат“, се наведува во соопштението од Скопје ЗОО.
Сијамангот е најкрупниот мајмун од фамилијата гибони, познат по карактеристичниот изглед, силниот вокал и силната врска меѓу членовите на фамилијата. Женката во групата е доминантна, а мажјакот и младенчињата постојано се во нејзина близина.
Смртта на сијамангот е последна во низата загуби што ја потресоа Скопската Зоолошка градина. Во изминатите две години угинаа неколку животни, меѓу кои лавот Жика, слоницата Дуња, тигрицата Надја, жирафите Каспер и Флопи, а оваа година и седум берберски овци.
Од Зоолошката најавуваат транспарентност и информирање на јавноста веднаш штом бидат добиени финалните наоди од обдукцијата.
Бонус видео:
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!