Центарот за социјални работи го врати детето кај мајката, иако признало дека крадело за неа!
Центарот за социјални работи го врати детето кај мајката, иако признало дека крадело за неа!
Јавноста е длабоко потресена од вознемирувачката снимка што се прошири на социјалните мрежи, на која се гледа дете врзано со јаже за раце и за врат, обесено на цевка во двор, додека маж ја снима, испрашува и вербално ја малтретира. Сторителот е нејзиниот татко, кој веќе е идентификуван и ќе се соочи со кривична одговорност.
фото:пиксес
Од Министерството за внатрешни работи потврдуваат дека станува збор за случај од струмичко Ново Село. Таткото ќе биде кривично гонет за сторено дело „насилство врз дете“ по член 201а од Кривичниот законик. Инцидентот настанал откако девојчето, наводно, украло пари од маалски дуќан и му признало на таткото дека ги дало на мајка ѝ за да може да купи храна.
Иако станува збор за видно нарушени семејни односи – родителите се разведени и, според информации, семејството е дисфункционално – детето по настанот било предадено на мајката, по насока на Центарот за социјални работи – Струмица.
Овој потег на институциите отвори бројни прашања, со оглед на тоа што девојчето само сведочело дека крадело за да ѝ даде пари на мајка си. Засега останува нејасно дали мајката ќе сноси некаква одговорност и дали се спроведуваат дополнителни проверки за условите во кои детето ќе живее понатаму.
На видеото се слуша како детето во солзи признава дека земало пари „за да јаде“, и моли да биде пуштено, но таткото одбива и продолжува со испрашување. Во неколку наврати, девојчето со треперлив глас го моли: „Можеш ли малку да ме олабавеш?“ – добивајќи ладнокрвен одговор: „Не.“
Центарот за социјални работи и обвинителството се вклучени во случајот, а јавноста бара итно и темелно постапување за да се обезбеди целосна заштита на девојчето и да се утврди одговорноста на сите вклучени.
Ова е уште еден алармантен случај што ја става под лупа ефикасноста на институциите во заштитата на децата од семејно насилство.
БОНУС ВИДЕО:
КОЈА Е НОВАТА ДЕВОЈКА НА БАКА ПРАСЕ? Работела во ресторан, студира тежок факултет! (ФОТО)
ИНСТАГРАМОТ НА КАРЛЕУША ПОВТОРНО ИЗБРИШАН!
СНЕЖЕ ВЕЛКОВ ГО ДОБИЛА ИМЕТО ПО „СНЕЖАНА И СЕДУМТЕ ЏУЏИЊА“ – БРАТ И ГО ДАЛ ПРЕДЛОГОТ! (ФОТО)
Сидни Свини го украде шоуто на венчавката на Џеф Безос – сите погледи вперени во неа!
ВРЕМЕСКА БОМБА ЗА ПОНЕДЕЛНИК! — 30 ЈУНИ ВО СКОПЈЕ: ЖЕШКО, СТИЛСКО И СО ПРИВРЕМЕНИ ДОЖДОВИ!
ХОРОСКОП ЗА 30 ЈУНИ, ПОНЕДЕЛНИК! НОВА МОЖНОСТ ВО ЖИВОТОТ НА РАКОТ ОВА ЛЕТО!
МАРКО ТАСЕВСКИ ИНДИГО: „НЕ МОЖЕ ДА ЗГРЕШИ НЕКОЈ ШТО ЗНАЕ ДА ЦРТА!“ (ВИДЕО)
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!