Background adbanner
calendar

Вторник 1. Jули, 2025

aktuelno ikonica Aktuelno
Никол Шерцингер блесна на својот 47. роденден – длабоко деколте, „Тони“ награда и нова животна етапа! Сидни Свини повторно во центарот на вниманието – сите зборуваат за деколтето, но и за изборот на боја! Пожар во Кочани: Изгореа три автобуси и едно комбе во близина на бензинска пумпа во Оризари! Ценовен шок во Охрид: Сладолед 120 денари, најевтин коктел 400 – туристите поделени околу цените! Луна Ѓогани во жешко издание на плажа – „Силиконите се по моја мерка, побарав да бидат како круша“ ВОДИЧ ЗА РОДИТЕЛСТВО: Како да спречите дехидрација на вашето дете во топли денови! Љубов или скандал? Јамал (17) „уловен“ со 29-годишна ѕвезда на ОнлyФанс – јавноста поделена! (ФОТО) Софија Вергара на 53 години: „Моето тело ми отвори врати – но и ми ги затвори“ Милјана Кулиќ жестоко удри по Цеца: „Одвратна е и целосно се фолира!“ Борис Бекер ќе стане татко по петти пат: „Мало чудо доаѓа!“ Италијанска страст и модна драма: Девојката на Лео Ди Каприо го искина фустанот на свадбата на Безос! СЕРГЕЈ ВАРОШЛИЈА: СИ ГИ НОСАМ СИТЕ ЧУДНИ ЕТИКЕТИ ЗА СЕБЕ! Шарлиз Терон фрли сенка врз венчавката на Џеф Безос: „Тие се без врска, ние сме супер!“ Горештини на почетокот од јули: Денеска вистинско лето во Македонија! ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 1 ЈУНИ ВТОРНИК! ВО ЖИВОТОТ НА ЛАВОТ ПРИСТИГНУВА НОВА ЛИЧНОСТ! ШТО СЕ СЛУЧИ ДЕНЕС? 1 ЈУЛИ!

Ценовен шок во Охрид: Сладолед 120 денари, најевтин коктел 400 – туристите поделени околу цените!

Обjавено од: RHT
01/07/2025 6:00 ПМ

Ценовен шок во Охрид: Сладолед 120 денари, најевтин коктел 400 – туристите поделени околу цените!

 

Охрид ова лето стана тема на бројни дискусии поради рекордно високите цени во угостителските објекти, што предизвикува реакции кај домашните и странските посетители. Според извештај на телевизија 24, цените на сладоледите, пијалаците и храната пораснале до ниво кое многумина го сметаат за неприфатливо.


фото:принтскрин/охридденес

Едно топче сладолед се продава по цена од 80 до дури 120 денари, додека најевтиниот коктел започнува од 400 денари. Кафе со поглед на езерото чини најмалку 180 денари, а просечната цена на пица во рестораните достигнува околу осум евра. Дури и охридската цреша, симболот на летната сезона, се продава до 300 денари за килограм.

Дел од домашните туристи остро реагираат, велејќи дека цените се несоодветни за македонскиот стандард и дека Охрид полека станува недостапен за просечниот граѓанин.

„Одиме со семејството еднаш годишно, но ова веќе станува луксуз. Како да си на Хвар, а не во Македонија“, вели турист од Скопје.

Од друга страна, некои странски гости се задоволни од понудата и цените. Турист од Колумбија изјави: „Ова место е прекрасно и вреди. Цените не ми се чини дека се високи, слични се на тие во Европа“.

Сепак, според туристички работници, две тур-агенции од Холандија и Полска веќе ги откажале аранжманите за ова лето, токму поради наглото зголемување на цените за хотелско сместување.

Стручњаците предупредуваат дека ако не се направи баланс помеѓу квалитетот на понудата и цените, Охрид би можел да го загуби статусот на атрактивна и достапна дестинација, особено за домашниот пазар.

БОНУС ВИДЕО:

ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!

СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!

ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ЗАБРАНЕТО Е ПРЕЗЕМАНJЕ БЕЗ НАВЕДУВАНJЕ НА ИЗВОР И АВТОР

СЛЕДЕТЕ НЕ

ТЕЛЕВИЗИJАТА ХYПЕ Е ДОСТАПНА ЗА КОРИСНИCИТЕ НА МТЕЛ МОВЕ ТВ НА ПОЗИCИJАТА 62 И ПОЗИCИJАТА 77 ЗА КОРИСНИCИТЕ НА М:САТ ТВ. ВО СРБИJА, ТЕЛЕВИЗИJАТА ХYПЕ Е ДОСТАПНА ЗА КОРИСНИCИ НА МТС ИРИС ТВ, М:САТ ТВ НА ПОЗИCИИТЕ 146 И 295 И БРОJ 46 ЗА КОРИСНИCИ НА СУПЕРНОВА КАБЕЛСКА ТВ, КАКО И НА АПЛИКАCИJАТА АРЕНА CЛОУД. ХАJП ТЕЛЕВИЗИJАТА Е ДОСТАПНА ВО CРНА ГОРА ЗА КОРИСНИCИТЕ НА КАБЕЛСКАТА МРЕЖА НА КАНАЛ 173 И М:СЕТ НА ПОЗИCИJАТА 54. ВО БОСНА И ХЕРCЕГОВИНА ХYПЕ ТЕЛЕВИЗИJАТА Е ДВЕВЕСКАТА ТЕЛЕВИЗИJА, ДОСТАПНА: КАКО ИПТВ НА КАНАЛ 606.
ТЕЛЕВИЗИJАТА ХYПЕ 2 Е ДОСТАПНА ЗА КОРИСНИCИТЕ НА МТЕЛ МОВЕ ТВ - ПОЗИCИJА 46 И ПОЗИCИJА 76 ЗА КОРИСНИCИТЕ НА М:САТ ТВ. ВО СРБИJА, ТЕЛЕВИЗИJАТА ХYПЕ 2 Е ДОСТАПНА ЗА КОРИСНИCИТЕ НА МТС ИРИС ТВ НА КАНАЛ 604, КАКО И НА БРОJ 702 ЗА КОРИСНИCИТЕ НА СУПЕРНОВА КАБЕЛСКА ТЕЛЕВИЗИJА. ВО БОСНА И ХЕРCЕГОВИНА ХYПЕ 2 ТЕЛЕВИЗИJАТА Е ДОСТАПНА ЗА КОРИСНИCИТЕ НА М:СЕТ МРЕЖАТА
Background adbanner