ТРИ РАСТЕНИЈА ЗА СОНЧЕВИ ТЕРАСИ: Цветаат цело лето, издржуваат високи температури и ИЗГЛЕДААТ ФАНТАСТИЧНО!
ТРИ РАСТЕНИЈА ЗА СОНЧЕВИ ТЕРАСИ: Цветаат цело лето, издржуваат високи температури и ИЗГЛЕДААТ ФАНТАСТИЧНО!
Овие три растенија не само што се отпорни на високи температури, туку и во текот на целото лето воодушевуваат со својот раскошен изглед.
фото: Пиxабаy
Дипладенија – цветната кралица на летото
Ова медитеранско ползаво растение е вистинското решение за сончеви балкони. Достапна е во три прекрасни бои – црвена, розова и бела – а доколку има добар потпор, може да порасне и до три метри. Цветањето започнува уште во мај, а најмногу цветови дава токму во најжешките летни денови.
Дипладенијата сака растресита и пропусна почва, најдобро тресетни супстрати. Не поднесува преголема влажност околу коренот, па затоа е важно земјата да не останува натопена. Полевањето со престојана вода – или уште подобро, превриена и изладена – ќе направи растението да биде бујно и здраво.
Дихондра – зелениот водопад од терасата
Ако целта ви е терасата да изгледа како од неа да извираат зелени водопади, дихондрата е вистинскиот избор. Ова декоративно ползаво растение расте и до два метра во должина, а нејзините сребренкасти и зелени листови се вистинска декорација. Не цвета, но совршено се комбинира со цветни растенија како бегонии и кадифенки, давајќи шаренолик и богат изглед на жардинерите.
Дихондрата сака сонце и добро ги поднесува летните температури. Полевањето треба да биде умерено – ѝ годи меѓу две полевања почвата да остане сува ден-два. Не сака хлорирана вода, па се препорачува полевање само со престојана вода.
Богумилата – раскошно цветање под силно сонце
Бугенвилијата, позната и како богумила, е симбол на медитеранските тераси. Нејзините цветови можат да покријат цели ѕидови, а за да цвета бујно ѝ се потребни најмалку пет часа директна сончева светлина дневно.
Ако ја одгледувате во саксија, задолжително поставете ја на јужната страна или на место каде што попладневното сонце е доминантно. Не бара многу – освен светлина и повремено ѓубрење, најчесто еднаш месечно. Идеално е напролет да се засади во комбиниран компост за да биде подготвена за сезоната на растење.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХАЈП МК/Е.Л.