Три деца од Велика Британија под истрага за пожарот кај Стајковци!
Три деца од Велика Британија под истрага за пожарот кај Стајковци!
Три малолетни лица, државјани на Велика Британија, се поврзуваат со пожарот што изби во близина на скопската обиколница, кај селото Стајковци.
Како што соопштија од Јавното обвинителство, станува збор за деца, при што едното има и македонско потекло.
фото:пихсес
Според првичните информации, со нив е веќе извршен разговор согласно Законот за правда за децата, по што биле пуштени на слобода. Обвинителството сè уште собира докази за евентуалната нивна вмешаност во настанот.
„Согласно Законот за правда за децата, со трите малолетни лица беше извршен службен разговор. Тие се пуштени, а истрагата продолжува за утврдување на нивната поврзаност со конкретниот пожар или евентуална намера за друго кривично дело“, информираа од ОЈО.
Поради возраста на осомничените, обвинителството не објавува повеќе детали. Пожарот кој избувна пред неколку дена во околината на Стајковци предизвика вознемиреност кај жителите, а противпожарните служби имаа навремена интервенција за да се спречи неговото проширување.
Истражните органи и понатаму работат на случајот, а јавноста очекува повеќе информации по завршувањето на истрагата.
БОНУС ВИДЕО:
КОЈА Е НОВАТА ДЕВОЈКА НА БАКА ПРАСЕ? Работела во ресторан, студира тежок факултет! (ФОТО)
ИНСТАГРАМОТ НА КАРЛЕУША ПОВТОРНО ИЗБРИШАН!
СНЕЖЕ ВЕЛКОВ ГО ДОБИЛА ИМЕТО ПО „СНЕЖАНА И СЕДУМТЕ ЏУЏИЊА“ – БРАТ И ГО ДАЛ ПРЕДЛОГОТ! (ФОТО)
Сидни Свини го украде шоуто на венчавката на Џеф Безос – сите погледи вперени во неа!
ВРЕМЕСКА БОМБА ЗА ПОНЕДЕЛНИК! — 30 ЈУНИ ВО СКОПЈЕ: ЖЕШКО, СТИЛСКО И СО ПРИВРЕМЕНИ ДОЖДОВИ!
ХОРОСКОП ЗА 30 ЈУНИ, ПОНЕДЕЛНИК! НОВА МОЖНОСТ ВО ЖИВОТОТ НА РАКОТ ОВА ЛЕТО!
МАРКО ТАСЕВСКИ ИНДИГО: „НЕ МОЖЕ ДА ЗГРЕШИ НЕКОЈ ШТО ЗНАЕ ДА ЦРТА!“ (ВИДЕО)
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!