ТРЕНЕР НА СЕЗОНАТА: ГОЦЕ СЕДЛОСКИ (ВАРДАР)
ТРЕНЕР НА СЕЗОНАТА: ГОЦЕ СЕДЛОСКИ (ВАРДАР)
фото/wикипедиа
По сè што направи оваа сезона – особено во пролетниот дел – Гоце Седлоски е избран за тренер на сезоната 2024/25, според изборот на редакцијата на „СпортСпорт“.
Конкуренцијата беше силна: Јетон Беќири (Шкендија) со титулата во ПМФЛ и Горан Станиќ (Работнички), кој го одведе тимот од Градски парк во Европа. Но она што Седлоски го постигна со Вардар беше вистинско фудбалско чудо.
Тимот кој на полусезоната беше закован на дното, со Седлоски на чело стигна до петтата позиција. Вардар одигра 18 натпревари без пораз во пролетниот дел, вклучувајќи ги сите официјални мечеви. Круна на сезоната беше освојувањето на Купот на Македонија, првпат по 18 години, и со тоа обезбеден настап во Европа по пауза од осум години.
Несомнено, еден од главните фактори за оваа трансформација е токму Седлоски.
Тој е тренерот кој ја одбележа оваа турбулентна сезона – особено за Вардар.
Само можеме да замислиме каква би била судбината на најтрофејниот македонски клуб доколку Седлоски не ја преземеше клупата на почетокот на ноември минатата година.
Хyпе ТВ
КОНCЕРТ ВО СКЕНДЕРИJА – ЛУКАС, ШКОРИḰ, ИЛИḰ – КАРТИ ТУКА.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!