ТРАМП УДРИ СО ЦАРИНСКИ ЧЕКАН: ОД ДЕНЕСКА ДО 50% ПОСКАПУВАЊЕ ЗА СТОКИ ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ ПАРТНЕРИ НА САД!
ТРАМП УДРИ СО ЦАРИНСКИ ЧЕКАН: ОД ДЕНЕСКА ДО 50% ПОСКАПУВАЊЕ ЗА СТОКИ ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ ПАРТНЕРИ НА САД!
Новиот бран на зголемени царини, воведени од американскиот претседател Доналд Трамп, официјално стапи на сила ноќеска на полноќ по источностандардно време. Царините, чии стапки се движат од 10 до 50 проценти, директно ги погодија стоките кои пристигнуваат од некои од најголемите трговски партнери на Соединетите Американски Држави.
Фото/ Википедиа.орг
ТРАМП УДРИ СО ЦАРИНСКИ ЧЕКАН!
По неколкунеделни напнати преговори и неизвесност околу конечните бројки, американските царински служби почнаа со наплата на повисоките царини. Важно е да се напомене дека стоките кои биле испратени пред да стапи новата регулатива – односно оние што се веќе во транзит кон САД – ќе бидат ослободени од зголемените тарифи ако пристигнат до 5 октомври.
Новите мерки опфаќаат високи царински стапки:
– 50% за увоз од Бразил,
– 39% за Швајцарија,
– 35% за Канада,
– 25% за Индија, а дополнителни 25% ќе бидат воведени за индиски производи поради нејзините зделки со руска нафта, што ќе стапат на сила за 21 ден.
ОД ДЕНЕСКА ДО 50% ПОСКАПУВАЊЕ!
„Контра-царините стапуваат на сила на полноќ. Милијарди долари, претежно од земји кои со години ги искористуваа САД, ќе почнат да се влеваат назад во нашата економија.“ – објави Трамп на социјалната мрежа Трутх Соcиал.
И покрај заострените мерки, осум значајни трговски партнери. Тие претставуваат околу 40% од вкупната американска трговија. Истите успеаја да постигнат рамковни договори со САД и да ги намалат своите основни царински стапки.
>Меѓу нив се:
– Европската Унија, Јапонија и Јужна Кореја, со намалени царини до 15%,
– Велика Британија со договор за 10%,
– а Виетнам, Индонезија, Пакистан и Филипините се договорија за царини од 19 до 20%.
Новата трговска стратегија на Трамп најавува турбулентен период на глобалните пазари. Исто така дополнителен притисок врз земјите кои се потпираат на американскиот увоз. Светските економски аналитичари внимателно го следат развојот и очекуваат реакција од погодените земји.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХАЈП МК/Е.Л.