ТРАГЕДИЈА ВО КУМАНОВСКО: МЛАД МОТОЦИКЛИСТ (20) ЗАГИНА ОТКАКО УДРИ ВО БЕТОНСКИ СТОЛБ!
ТРАГЕДИЈА ВО КУМАНОВСКО: МЛАД МОТОЦИКЛИСТ (20) ЗАГИНА ОТКАКО УДРИ ВО БЕТОНСКИ СТОЛБ!
Дваесетгодишен мотоциклист од кумановско го загуби животот во сообраќајна несреќа која се случила на локалниот пат од селото Орашац кон регионалниот пат Куманово–Свети Николе, информираше денеска Министерството за внатрешни работи.
Фото: Пеxелс
Несреќата се случила вчера околу 21:00 часот, кога во СВР Куманово било пријавено дека М.П. (20) од селото Доброшане, управувајќи мотоцикл марка „БМВ“ без регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во бетонски столб. Од здобиените повреди младиот мотоциклист починал на самото место. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Куманово, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција.
КОЦЕВСКИ ПОТВРДИ: ПАНЧО ОД ДНК НЕМА ДА БИДЕ КРИВИЧНО ГОНЕТ ВО МОМЕНТОВ!
Криминогениот менаџер Велибор Поповиќ Поп сериозно почна да ја губи својата репутација по обидот за убиство на сопственикот и директор на Хyпе продукција Саша Мирковиќ што се случи на 10 мај во Загреб.
Имено, веднаш откако веста одекна во медиумите и на социјалните мрежи, многу пејачи со кои Поповиќ соработувал со години почнаа јавно да се дистанцираат од него.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХYПЕ МК/Е.Л.