„ТОГАШ ПАЃАМ НА ЗЕМЈА И ПОЧНУВА ШУТИРАЊЕТО СО НОЗЕ“ – Детали за бруталниот напад врз Саша Мирковиќ: „ТОЈ Е БЕГАЛЕЦ И СЕКОЈ ШТО ЌЕ ГО ВИДИ ВЕДНАШ НЕКА ПРИЈАВИ ВО ПОЛИЦИЈА!“
„ТОГАШ ПАЃАМ НА ЗЕМЈА И ПОЧНУВА ШУТИРАЊЕТО СО НОЗЕ“ – Детали за бруталниот напад врз Саша Мирковиќ: „ТОЈ Е БЕГАЛЕЦ И СЕКОЈ ШТО ЌЕ ГО ВИДИ ВЕДНАШ НЕКА ПРИЈАВИ ВО ПОЛИЦИЈА!“
Детали за бруталниот напад врз Саша Мирковиќ.
Фото: Хyпе ТВ
Сопственикот и директор на Хyпе продукција и Хyпе телевизија, Саша Мирковиќ, денес ѝ се обрати на јавноста на прес-конференција по повод тешкиот инцидент што се случил на 10 мај 2025 година пред хотелот „Шератон“ во Загреб.
Том прилика, господин Мирковиќ изнесе шокантни детали за нападот кој врз него го извршил озлогласениот криминалец Велибор Поповиќ.
Според неговите зборови, Поповиќ го нападнал брутално со јасна намера да му нанесе тешки телесни повреди, па дури и да го лиши од живот.
Фото: Хyпе ТВ
Истакна дека верува во работата на институциите и очекува надлежните служби во Хрватска да преземат сите неопходни законски чекори за напаѓачот да се соочи со соодветни последици.
Детали за бруталниот напад врз Саша Мирковиќ!
– Седев во автомобилот на агентот Иван и видов дека се приближуваат Бошко Јанковиќ и Велибор Поповиќ Поп, а потоа му помогна да го напушти местото на настанот и да побегне. Затоа поднесов пријава и против Бошко, како и против Светлана Цеца Ражнатовиќ и Аца Пејовиќ поради подбудување, бидејќи додека ме удираше, велеше дека не смеам да ги „дирам“ Цецу и Пејовиќ – истакна Мирковиќ и додаде:
– Нека реагираат државните органи, а Хyпе ќе продолжи да се занимава со истражувачко новинарство за нашата естрада. Какви аномалии и какви луѓе се движат таму. Откако Јанковиќ влезе во хотелот… тоа е два и пол метри од влезот на хотелот. Поповиќ ме праша дали може да разговараме. Реков „може“, и по само еден чекор добив удар во главата од зад грб. Тогаш паднав на земја и почна шутирањето со нозе. Никој од обезбедувањето на хотелот не излезе да помогне. Поп очигледно имал намера да ме осакати или да ме убие. Тоа го докажува и фактот што од еден метар растојание видов црна патика како лета кон мене. Ја ставив раката – и тогаш раката ми пукна.
Фото: Хyпе ТВ / Кобра
– Незванични извори велат дека и нему му пукнале некои прсти на нозете. Такви информации добив неофицијално. Тој побегна од местото на настанот, случаен минувач го одгурна, но и тогаш ми зададе удар во аркадата. Потоа побегна како секој „вистински храбар“ човек. Ги прашувам медиумите – каде е Поп денес? Има индиции дека многу пејачи и медиуми се во контакт со него. Тој е бегалец, и секој што ќе го види – нека пријави веднаш во полиција – заклучи Мирковиќ.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХYПЕ МК/Е.Л.