ТФТ ВТОРПАТ ПОСИЛЕН ОД РАБОТНИЧКИ, НА ЕДЕН ЧЕКОР ДО ФИНАЛЕТО
ТФТ ВТОРПАТ ПОСИЛЕН ОД РАБОТНИЧКИ, НА ЕДЕН ЧЕКОР ДО ФИНАЛЕТО
ФОТО/ ВИКИПЕДИЈА
ТФТ ја покажа својата доминација и по вторпат го совлада тимот на Работнички, поведувајќи со 2-0 во полуфиналната серија од Првата лига, откако вечерва славеше на домашен терен со 71-59.
Гостите одлично го започнаа натпреварот, предводени од расположениот Стојан Ѓуровски, и првата четвртина ја завршија со водство од 16-24. Но, ТФТ се врати во игра во втората четвртина и замина на полувреме со заостанување од само пет поени – 32-37.
Третата четвртина беше клучна – ТФТ одигра неверојатна одбрана, дозволувајќи само 11 поени на Работнички, и ја презеде контролата со предност од 56-48 пред последниот период. Во последните десет минути домаќините сигурно го доведоа мечот до крај за победа од 71-59 и сериозно водство во серијата.
Виктор Ташовски блесна со 20 поени, а фантастичен беше и Говенс со 17 поени, 8 асистенции и 6 скока. Кај поразените, Ѓуровски запиша 18 поени, а Робев додаде 10.
Следната шанса за нови ѕвезди: Подгориcа, 13 маj! Доколку сè уште не сте се приjавиле за натпреварувањето, не е доcна. Приjавете се за Хyпе Ѕвезди со клик на ОВОJ ЛИНК. Можете да jа пополните приjавата и на денот на аудиcиjата, на самото место.
Хyпе ТВ
КОНCЕРТ ВО СКЕНДЕРИJА – ЛУКАС, ШКОРИḰ, ИЛИḰ – КАРТИ ТУКА.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!