ТАЖНА ВЕСТ: ПОЧИНА ВИКТОР БОНЕВСКИ – ХЕРОЈОТ ШТО ЈА ОБЕДИНИ ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА СО ПОМОШ НА ДНК!
ТАЖНА ВЕСТ: ПОЧИНА ВИКТОР БОНЕВСКИ – ХЕРОЈОТ ШТО ЈА ОБЕДИНИ ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА СО ПОМОШ НА ДНК!
Македонија е завиена во црно по трагичната вест за смртта на дваесет и едногодишниот фудбалер Виктор Боневски, кој не успеа да ја добие најтешката битка – битката со ракот.
Фото/ Феjсбук/ДНК
Виктор се бореше со малигна неоплазма на абдоменот, откако претходно му беше дијагностициран и рак на тестиси, како и зафатеност на неколку други органи. И покрај извршената хируршка интервенција, младото спортско срце престана да чука.
Тажната вест ја соопшти неговиот брат Даниел преку социјалните мрежи, предизвикувајќи бран емоции и сочувство од целата јавност.
Од фудбалската академија во која тренираше Виктор, исто така пристигна емотивна објава:
„Во овие тешки моменти, изразуваме длабоко сочувство до семејството, пријателите и сите блиски. Нека споменот за Виктор живее вечно, а неговата добрина и спортски дух бидат инспирација за сите идни генерации. Нека почива во мир.“
Фудбалската кариера на Виктор беше повеќепати прекинувана поради агресивната болест. Во обид да се обезбедат средства за итно лекување во болницата ЛИВ во Турција, каде беа потребни повеќе од 100.000 евра, беше организирана хуманитарна акција во која учествуваа бројни граѓани, јавни личности, па дури и музичката група ДНК.
БЕЗ ГРАМ ШМИНКА: МАКЕДОНКАТА СО ЕДЕН ОД НАЈУБАВИТЕ ЗАДНИЦИ ПЛЕНИ И КОГА НЕМА ФИЛТРИ!
ПОСТОЈАНО ГО ПРИКАЖУВАШЕ ЛУКСУЗОТ! Ана Кораќ сега СЕ ПОВЛЕЧЕ – сите се прашуваат што се случува! (ФОТО)
МАРИО Арангеловски СЕ СОБЛЕЧЕ ВО КУЈНА! Една банана и две јајца… Егзотика во новиот стан? Од задникот останувате без здив! (ФОТО 18+)
„Се сретнавме со Виктор Боневски – чисто и прекрасно дете, перспективен фудбалер со само 19 години. После дијагнозата, целиот негов свет се сруши, но ние сме тука заеднички со сите вас да му помогнеме повторно да се издигне и да го гледаме повторно на терените,“ напишаа од ДНК пред две години, кога ја започнаа акцијата за собирање средства.
„Ова беше неговата најважна ’утакмица’ и верувавме дека ќе победи,“ додадоа тие.
Иако срцето на Виктор замина прерано, неговата борбеност, дух и насмевка ќе останат засекогаш во сеќавањето на сите што го познаваа. Почивај во мир, храбар момче. Македонија никогаш нема да те заборави.
„Сама ќе влезам да чистам на крај! Гадови сте“: Луна Стефановска распали!
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХАЈП МК/Е.Л.