ТАТКО ОД СКОПЈЕ НАПАДНАЛ ЧЕТИРИГОДИШНО ДЕТЕ – ОБВИНИТЕЛСТВОТО БАРА ПРИТВОР!
ТАТКО ОД СКОПЈЕ НАПАДНАЛ ЧЕТИРИГОДИШНО ДЕТЕ – ОБВИНИТЕЛСТВОТО БАРА ПРИТВОР!
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 28-годишен скопјанец, кој е осомничен за физички напад врз својата четиригодишна ќерка. Тој беше приведен од полицијата веднаш по инцидентот.
Според информациите од Обвинителството, нападот се случил во семејниот дом во скопската населба Драчево. Во моментот на инцидентот, мајката подготвувала јадење, а девојчето си играло со своите две сестри. Кога се качила на креветот за да земе играчки, таткото започнал со навреди, по што следел физички напад.
Осомничениот ѝ удрил неколку шлаканици по лицето. Притоа ѝ нанел набиеница на главата и огреботини на лицето. Насилството не застанало тука – таткото ѝ упатил и вербални закани, извикувајќи дека „ќе ја убие“.
Јавниот обвинител проценил дека постои реална опасност од повторување на насилството. Таквото однесување би можело сериозно да влијае врз психофизичкиот развој и воспитувањето на децата во семејството.
Сведочењата укажуваат дека ова не е изолиран случај. Според Обвинителството, осомничениот и претходно покажувал агресивно и деструктивно поведение.
Поради сериозноста на делото, ризикот од повторување и можноста за бегство, надлежниот обвинител поднесе предлог за определување мерка притвор.
28-годишниот скопјанец се гони за кривично дело телесна повреда, според член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Хyпе ТВ
КОНCЕРТ ВО СКЕНДЕРИJА – ЛУКАС, ШКОРИḰ, ИЛИḰ – КАРТИ ТУКА.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!