Татко од Ново Село малтретирал ќерка – вознемирувачко видео ја шокира јавноста!
Татко од Ново Село малтретирал ќерка – вознемирувачко видео ја шокира јавноста!
Струмичката полиција поднесе кривична пријава против 57-годишниот З.Ч. од селото Ново Село, општина Ново Село, поради основано сомнение за сторено кривично дело „Насилство врз дете“, казниво по член 201-а од Кривичниот законик.
Според официјалните информации од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 8 јули во дворот од семејната куќа, каде З.Ч. живеел со својата 11-годишна ќерка, над која по разводот со сопругата имал старателство.
Од МВР информираат дека тој се однесувал насилно кон девојчето, при што целото дејствие го снимил со мобилен телефон. Видеото, кое подоцна заврши на социјалните мрежи, прикажува сцена во која детето е врзано со рацете и вратот за метална цевка, плаче и видливо е вознемирено. Случајот предизвика бурни реакции во јавноста и осуда од граѓани и организации за заштита на децата.
Според неофицијални информации, таткото се налутил бидејќи девојчето земало пари од дома за да си купи храна, а дел од нив ѝ дала на мајката.
По ширењето на видеото, полициски службеници од СВР Струмица веднаш реагирале, го идентификувале и повикале пријавениот на службен разговор. Од МВР соопштија дека тој го признал делото.
– Случајот е пријавен кај надлежен јавен обвинител, а лекар од Медицинскиот центар Струмица извршил преглед на детето и констатирал телесни повреди во вид на црвенило околу зглобовите – велат од полицијата.
Во случајот е вклучен и Меѓуопштинскиот центар за социјални работи Струмица, кој презема мерки за понатамошна заштита на малолетничката.
Истрагата е во тек. Јавноста бара соодветна правна разрешница и институционална поддршка за жртвата.
ВО ПРОДОЛЖЕНИЕ ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО:
КОЈА Е НОВАТА ДЕВОЈКА НА БАКА ПРАСЕ? Работела во ресторан, студира тежок факултет! (ФОТО)
ИНСТАГРАМОТ НА КАРЛЕУША ПОВТОРНО ИЗБРИШАН!
СНЕЖЕ ВЕЛКОВ ГО ДОБИЛА ИМЕТО ПО „СНЕЖАНА И СЕДУМТЕ ЏУЏИЊА“ – БРАТ И ГО ДАЛ ПРЕДЛОГОТ! (ФОТО)
Сидни Свини го украде шоуто на венчавката на Џеф Безос – сите погледи вперени во неа!
ВРЕМЕСКА БОМБА ЗА ПОНЕДЕЛНИК! — 30 ЈУНИ ВО СКОПЈЕ: ЖЕШКО, СТИЛСКО И СО ПРИВРЕМЕНИ ДОЖДОВИ!
ХОРОСКОП ЗА 30 ЈУНИ, ПОНЕДЕЛНИК! НОВА МОЖНОСТ ВО ЖИВОТОТ НА РАКОТ ОВА ЛЕТО!
МАРКО ТАСЕВСКИ ИНДИГО: „НЕ МОЖЕ ДА ЗГРЕШИ НЕКОЈ ШТО ЗНАЕ ДА ЦРТА!“ (ВИДЕО)
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!