Светски ден на животната средина: Земјата не бара совршенство – туку грижа!
Светски ден на животната средина: Земјата не бара совршенство – туку грижа!
На 5 јуни светот го одбележува Светскиот ден на животната средина, ден посветен на подигање на свеста за еколошките прашања и повик за итна акција. Овој ден не е само симболичен момент на размислување, туку глобален апел – за секој поединец, институција и влада – да преземе одговорност и да дејствува.
фото:грегваноурек
Оваа година, акцентот повторно се става на најгорливите прашања: климатските промени, исчезнувањето на биодиверзитетот, загадувањето на водата и воздухот, како и прекумерната употреба на пластика. Со над 8 милиони тони пластичен отпад што секоја година завршува во океаните, тропски шуми што исчезнуваат со алармантна брзина и урбани зони со загаденост опасна по живот, времето за реакција е – сега.
Што можеме ние?
Промената започнува со малите, но значајни гестови. Да не фрламе отпад од балкони, да не го редиме покрај контејнери, да не ги загрозуваме велосипедистите и пешаците – туку да ги почитуваме како дел од едно одржливо и здраво општество.
Ако не можеме да засадиме шума – можеме барем да не газиме по неа. Да собереме зад нашето куче, да не паркираме на велосипедски патеки, и – да, да не ги полниме вендинг машините за рециклажа со ѓубре, туку со празни шишиња и лименки кои можат да се рециклираат.
Иднината е во нашите раце!
Децата не учат од брошури, туку од нашите постапки. Затоа, денес е денот кога можеме да им покажеме што значи да се биде одговорен кон природата. Да им покажеме како се рециклира, како се штеди вода, како се грижи за паркот пред зградата.
Светскиот ден на животната средина е потсетник дека Земјата не бара совршенство – туку грижа. Природата има моќ да се обнови, но само ако ѝ дадеме шанса.
Ова не е само уште еден датум во календарот. Ова е ден за прашање:
Каков свет оставаме зад себе?
Ако барем денес направиме нешто добро за природата, утре може да биде ден посветен на надеж.
Бонус видео:
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!