СВЕТСКИ, А НАШ: МАРЈАН ПЕТРОВ ГО ПРЕТСТАВУВА МАКЕДОНСКИОТ ТАЛЕНТ НА ГОЛЕМИОТ СТЕЈЏ РАМО ДО РАМО СО ЏОН ЛЕЏЕНД! (ВИДЕО)
СВЕТСКИ, А НАШ: МАРЈАН ПЕТРОВ ГО ПРЕТСТАВУВА МАКЕДОНСКИОТ ТАЛЕНТ НА ГОЛЕМИОТ СТЕЈЏ РАМО ДО РАМО СО ЏОН ЛЕЏЕНД! (ВИДЕО)
Еден од најпознатите македонски стилисти и мејкап артисти, Марјан Петров, повторно го крена нивото на македонската сцена – овој пат на интернационално ниво!
Фото: Принтсcреен/Инстаграм/марjан_петров/нбc.cом
Оваа година, Петров беше дел од фестивал во Белград, каде што беше член на професионалниот бекстејџ тим зад настапот на светската ѕвезда Џон Леџенд. Македонецот со неверојатна страст и визија за убавина и стил уште еднаш покажа дека квалитетот не познава граници.
„Да бидеш дел од тимот на светски ѕвезди како Џон Леџенд е посебна чест и привилегија. Адреналинот, професионалноста и енергијата зад сцената се неверојатни. Но, кога ќе видиш дека твојата работа има придонес во крајниот изглед и сјај на една ваква легенда – тоа е непроценливо,“ изјави Петров за нашата редакција.
Фото: Принтсcреен/Инстаграм/марjан_петров
Марјан не е ново име во светот на стилот и убавината. Познат е по својата беспрекорна техника, иновативни трансформации и силна естетска визија. Неговата работа не само што ги освојува срцата на македонските ѕвезди, туку и на бројни познати личности ширум Балканот.
Тој соработувал со имиња како Слаѓа Алегро, Јелена Томашевиќ, Ивана Бум Николиќ, Антониа Гиговска, а сега и со интернационални ѕвезди меѓу кои Јасмин Леви, Андреја Бочели – нешто што за многумина претставува врв во кариерата.
Видео: Инстаграм/марjан_петров
Она што го издвојува Петров од другите е неговата способност да ја претвори секоја визија во реалност. Без разлика дали станува збор за фотосесија, музичко видео, модна ревија или интернационален настап – секогаш е чекор пред времето, носејќи светски трендови со автентичен балкански шмек.
Виеw тхис пост он Инстаграм
Успехот на Марјан е доказ дека кога талентот, упорноста и љубовта кон професијата се во совршен баланс, тогаш граници не постојат. Тој е жив пример дека македонски уметник може да биде дел од светска приказна, и тоа без компромис за квалитетот или идентитетот.
Сигурни сме дека ова е само почеток на една уште поголема меѓународна кариера за овој исклучителен уметник кој со секој нов чекор ја претставува Македонија во најсјајно светло.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХYПЕ МК/Е.Л.