Студент од Турција уб*ен со осум куршуми во кафеана во Штип!
Студент од Турција уб*ен со осум куршуми во кафеана во Штип!
Во трагичен инцидент што се случи вчера во една кафеана во Штип, животот го загуби млад турски студент, откако беше застрелан со осум куршуми. Осомничен за убиството е неговиот сонародник и колега-студент, Бедри Полат!
фото:принтскрин/ твстар
Според неофицијални информации, убиството се случило по расправија меѓу двајцата студенти. На видеоснимка до која дојде ТВ Стар, се гледа како Полат влегува во тоалет, излегува со огнено оружје и пука кон жртвата, по што бега од местото на настанот. Се претпоставува дека убиството било предизвикано од претходна кавга, при што убиениот студент наводно носел нож, што осомничениот го искористил како повод за пукање.
Очевидци веднаш повикале итна медицинска помош, но на младото момче, за жал, не можело да му се помогне – починало на лице место од здобиените повреди.
Лицето Берди Полат при обид да избега доцна во ноќта е уапсен од страна на штипската полиција а покрај него уапсени се уште четворица лица за помагање во бегството!
Игор Стефановски Иџе повторно на победнички лов во Португалија!
Коментар на социјална мрежа го доведе до суд: Осуден скопјанец за ширење омраза!
Грешка или најслатка пакост? Момче нарачало илјадници лижавчиња преку интернет!(видео)
16-годишно девојче исчезна во Скопје – МВР трага по неа!
Бонус видео:
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА JУТУБ КАНАЛОТ НА ХАЈП МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!