СТРАВИЧЕН ПОЖАР ВО ОРИЗАРИ: ИЗГОРЕА ТРИ АВТОБУСИ И КОМБЕ ПОКРАЈ БЕНЗИНСКА ПУМПА – СЕ СОМНЕВААТ НА ПОДМЕТНУВАЊЕ
СТРАВИЧЕН ПОЖАР ВО ОРИЗАРИ: ИЗГОРЕА ТРИ АВТОБУСИ И КОМБЕ ПОКРАЈ БЕНЗИНСКА ПУМПА – СЕ СОМНЕВААТ НА ПОДМЕТНУВАЊЕ
Ноќеска околу 2:30 часот во кочанската населба Оризари избувнал голем пожар на плац веднаш до бензинска пумпа. Три возила целосно изгореле — два туристички автобуси и едно комбе, сите сопственост на приватна фирма.
Сликите од местото покажуваат целосно уништени возила и голема материјална штета. За среќа, нема повредени лица.
Пожарот се развил опасно блиску до бензинската пумпа, но брзата интервенција на Територијалната противпожарна единица од Кочани спречила потенцијална катастрофа. Со неколку противпожарни возила пожарот бил локализиран и изгаснат.
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, засега не дал коментар.
Денеска, увидна екипа од Одделението за внатрешни работи – Кочани изврши увид за да ги утврди причините за пожарот. Според неофицијални информации, постои сомнение дека пожарот бил подметнат од лице со фантомка на главата.
Жителите на Оризари велат дека биле разбудени од силни експлозии и пукања, што предизвикало паника, бидејќи плацот е само неколку метри од бензинската пумпа.
Граѓаните се благодарни на брзата реакција на пожарникарите и сметаат дека е време да се стави крај на ваквите инциденти, особено по трагедијата во дискотеката во Кочани.
Сидни Свини го украде шоуто на венчавката на Џеф Безос – сите погледи вперени во неа!
Хyпе ТВ
КОНCЕРТ ВО СКЕНДЕРИJА – ЛУКАС, ШКОРИḰ, ИЛИḰ – КАРТИ ТУКА.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!