СТРАШНА НЕСРЕЌА ВО ИНДИЈА: Се сруши авион со 242 патници по полетувањето за Лондон – се огласи „Ер Индија“!
СТРАШНА НЕСРЕЌА ВО ИНДИЈА: Се сруши авион со 242 патници по полетувањето за Лондон – се огласи „Ер Индија“!
Во четвртокот попладне, се случи тешка авионска несреќа во близина на аеродромот во Ахмедабад, во индиската сојузна држава Гуџарат. Патнички авион на компанијата Аир Индиа, кој сообраќал на релацијата Ахмедабад – Лондон (Гетвик), се сруши непосредно по полетувањето.
Фото Пиxабаy
Авионот, модел Боинг 787, во моментот на инцидентот превезувал 242 патници. По падот, леталото се запалило, а на местото на настанот веднаш реагирале противпожарни и итни медицински екипи. Бил забележан густ црн чад што излегувал од просториите на аеродромот, предизвикувајќи паника кај присутните.
На терен се упатени најмалку седум противпожарни возила, а присутни се и повеќе амбулантни возила.
По несреќата, се огласи и авиокомпанијата Ер Индија, која преку објава на социјалната мрежа X (поранешен Твитер) изјави:
„Лет АИ171, кој сообраќаше на релацијата Ахмедабад – Лондон Гетвик, беше вклучен во инцидент денес, на 12 јуни 2025 година. Во моментот ги утврдуваме деталите и ќе објавиме дополнителни информации што е можно поскоро на аириндиа.cом и на нашиот X-профил.“
Засега нема официјални информации за можните жртви или повредени, а јавноста со нетрпение ги очекува следните ажурирања.
Следуваат повеќе информации…
СТРАШНА НЕСРЕЌА ВО ИНДИЈА: Се сруши авион со 242 патници по полетувањето за Лондон – се огласи „Ер Индија“!
Бонус видео:
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!