СТОЛЕ ПОД ПРИТИСОК: ВАЛЕНСИЈА МУ СТАВИ КЛУЧ НА ВРАТА!
foto/FFM
Македонскиот голман Столе Димитриевски би можел наскоро да го напушти шпанскиот клуб Валенсија. Причината е новото засилување на позицијата голман. Клубот од „Местаља“ донесе нов чувар на мрежата и со тоа му стави до знаење дека не е прв избор за следната сезона.
Се очекуваше Димитриевски да добие шанса како прв голман по заминувањето на Мамардашвили. Но, новиот тренер се реши за Хулен Агирезабала од Атлетик Билбао. Медиумите во Шпанија веќе пишуваат дека Столе не е дел од плановите на новиот стручeн штаб.
Димитриевски пристигна во Валенсија од Рајо Ваљекано, каде што имаше одлични настапи во Ла Лига. Иако има активен договор до 2026 година, неговиот статус во клубот останува нејасен.
Ќе биде интересно да се види дали македонскиот репрезентативец ќе побара трансфер, или ќе се обиде да се избори за место во тимот.
Хyпе ТВ КОНCЕРТ ВО СКЕНДЕРИJА – ЛУКАС, ШКОРИḰ, ИЛИḰ – КАРТИ ТУКА.