Стигнува кралицата на Топ Хил! Ана Николиќ подготвена да ја запали публиката на 2 август – билетите се продаваат со светска брзина!
Стигнува кралицата на Топ Хил! Ана Николиќ подготвена да ја запали публиката на 2 август – билетите се продаваат со светска брзина!
Најпопуларната поп-пејачка во регионот, Ана Николиќ, ќе настапи на 2 август во прочуениот будвански клуб Топ Хил, каде што публиката со нетрпение ја очекува.
Фото: Инстаграм / топ_хилл_будва
Организаторите го најавија овој настан со порака дека на ридот пристигнува вистинската кралица на Хилот, а Ана ветува незаборавен музички спектакл со хитовите кои ја одбележаа нејзината кариера, како и нови музички изненадувања.
Виеw тхис пост он Instagram
Енергична, провокативна и секогаш своја, Ана Николиќ важи за една од најхаризматичните изведувачки на домашната сцена, позната по настапи што долго се паметат. Публиката во Будва може да очекува одлична забава под отворено небо и ноќ исполнета со емоции, танц и добра музика.
АНА НИКОЛИЌ ЈА ЗАПАЛИ СЦЕНАТА Еве кои ХИТОВИ ја фрлија публиката во ТРАНС (ВИДЕО)
Билетите веќе се во продажба, а интересот е огромен, па се препорачува на време да го обезбедите своето место.
Будва, лето, Топ Хил и Ана Николиќ – комбинација за вечер која не се пропушта.
Ана Николиќ го најави вечерешниот спектакл во Бања Лука: Ќе ГОРИ КАСТЕЛ!
По 15 години, Мирослав Илич се враќа во Арена Загреб
„Нема ден некој од Хрватска да не ме повика на настап“
На големата сцена на Арена Загреб, на Илич ќе му се придружи голем оркестар, како и неколку познати гости, чии имиња се чуваат во тајност до последен момент. Сè е подготвено за ова долгоочекувано шоу навистина да биде спектакл. По тој повод, Мирослав Илич ќе прослави повеќе од 50 години успешна кариера, како што неодамна го стори и во Белград.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХАЈП МК/Е.Л.