СТЕФАН- НЕКСТ ТАЈМ: „НЕ ГИ ЗАБЕЛЕЖУВАМ БИВШИТЕ, МНОГУ ГИ ИМА!“
СТЕФАН- НЕКСТ ТАЈМ: „НЕ ГИ ЗАБЕЛЕЖУВАМ БИВШИТЕ, МНОГУ ГИ ИМА!“
Македонскиот рок-бенд Некст Тајм, познат по современите аранжмани на традиционални песни и оригинални рок композиции, повторно го привлече вниманието на јавноста — овојпат не само со музика, туку и со искрено интервју снимено на брегот на Охридското Езеро. Конкретно, Стефан ни е во фокусот. А местото каде што настапуваа и каде имаше фантастична забава е атрактивниот локал „Лихнидос Ле Петит Бистро“ во Охрид.
Во атмосфера каде што звукот на езерските бранови се меша со емоцијата во неговите зборови, Стефан Филиповски зборуваше за љубовта кон македонската песна, потрагата по вистинскиот звук и важноста на традицијата во современата музика. И Мартин беше тука некаде во близина, всушност беа дојдени со целото свое семејство.
СТЕФАН ОД „НЕКСТ ТАЈМ“ ЗАПЛОВИ ВО БРАЧНИТЕ ВОДИ – СЕ ОЖЕНИ СО СВОЈАТА ДОЛГОГОДИШНА ДЕВОЈКА!
Охрид за нив не е само град — туку инспирација. Гледаш езеро, слушаш тишина, и те обзема нешто што веднаш те повикува да создаваш- токму ова се чувствуваше преку Стефан.
Тој беше отворен за многу прашања, посебно за патриотската музика, брачните води и животот воопшто.
Инаку, нивниот пристап кон македонскиот етнос преку рок-аранжмани ги направи препознатливи не само во земјата, туку и на пошироката балканска сцена. Покрај езерото што чува вековна историја, Некст Тајм- Стефан беше дециден дека македонскиот дух заслужува современо одекнување.
ЕВЕ ГО ПРЕМИЕРНО ЦЕЛОТО ВИДЕО:
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХАЈП МК/Н.Т