СТЕФАН ЛАЗАРОВ И СЕРГЕЈ ВАРОШЛИЈА СО НАЈАВА ЗА НОВА СОРАБОТКА !
СТЕФАН ЛАЗАРОВ И СЕРГЕЈ ВАРОШЛИЈА СО НАЈАВА ЗА НОВА СОРАБОТКА
Во неочекуван пресврт кој предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи, популарниот јутјубер и водител на подкастот „Лазаров подкаст“, Стефан Лазаров, јавно го побара контроверзниот инфлуенсер и моден креатор Сергеј Варошлија да биде гостин во неговата емисија.
Лазаров, познат по своите директни прашања и често провокативен стил, изјави дека токму Сергеј му е „еден од најбараните и најконтроверзни гости. Тој ова го објави преку стори на Инстаграм, што веднаш предизвика бурни коментари – од поддршка до хејт.
Сергеј, пак, сè уште не се огласил јавно, но неговите следбеници веќе шпекулираат дека ова би можело да биде еден од најгледаните подкасти на Лазаров досега. Со оглед на отворениот стил на Варошлија и желбата да зборува без цензура, јавноста очекува вистински медиумски спектакл.
Ќе прифати ли Сергеј? Ќе има ли нови откритија, провокации и искреност до коска? Едно е сигурно – ако се случи, Македонија ќе зборува само за тоа.