СТАБИЛНО И ТОПЛО ВРЕМЕ СО ПОЈАВА НА ДОЖД И ГРМЕЖИ ПОПЛАДНЕ!
СТАБИЛНО И ТОПЛО ВРЕМЕ СО ПОЈАВА НА ДОЖД И ГРМЕЖИ ПОПЛАДНЕ!
Денес не очекува претежно сончево време, со мала до умерена облачност. Во попладневните часови, особено во северниот дел од земјава, можно е да се појави нестабилност проследена со краткотрајни поројни врнежи и грмежи. Ќе дува умерен до повремено засилен ветер од северен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Фото/Пеxелс
Минималните утрински температури ќе се движат од 11 до 18 степени, додека дневните максимални ќе достигнат меѓу 27 и 35 степени Целзиусови.
Во Скопје, времето ќе биде сончево со променлива облачност. Попладне, во некои делови од Скопската котлина се очекуваат услови за краткотраен дожд со можност за грмежи. Ќе дува умерен северен ветер, а повремено ќе се засилува, особено во пооткриени делови од котлината.
Температурите во главниот град ќе се движат од утрински 16 до дневни 33 степени.
Според најавите од УХМР, во наредните денови следува стабилен и претежно сончев период, со тенденција на натамошен пораст на дневните температури.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХАЈП МК/Е.Л.