СПЕКТАКЛ ЗА ПАМЕТЕЊЕ: Ана Николиќ ГО „ЗАПАЛИ“ КАСТЕЛ – Бања Лука ги пееше во еден глас сите хитови!
СПЕКТАКЛ ЗА ПАМЕТЕЊЕ: Ана Николиќ ГО „ЗАПАЛИ“ КАСТЕЛ – Бања Лука ги пееше во еден глас сите хитови!
Бања Лука, 24 јули – Тврдината Кастел синоќа беше епицентар на музичка експлозија, емоции и вистински спектакл! Ана Николиќ приреди концерт за паметење пред преполната тврдина, концерт кој долго ќе се прераскажува – не само во Бања Лука, туку и пошироко! Публиката започна да пристигнува уште од раните вечерни часови, а кога концертот започна – буквално немаше каде игла да падне!
Фото/ХАЈП ТВ
Толпата, енергијата и очекувањата кулминираа во моментот кога харизматичната поп-дива зачекори на сцената. Во сјајот на светкави детали на нејзиниот гламурозен плашт, под кој се криеше елегантен темносин фустан со провидни и предизвикувачки елементи, Ана заблеска како вистинска ѕвезда на вечерта.
Фото/ХАЈП ТВ
СПЕКТАКЛ ЗА ПАМЕТЕЊЕ!
Првите тонови од песната „Милион долара“ предизвикаа громогласен аплауз и општа еуфорија. Следеа хитови кои обележаа цели децении на поп-музиката: „Тераса со поглед на ѕид“, „Ромале ромали“, „Јануар“… Бањалучани пееја во еден глас секој стих, играа до последната нота и покажаа колку ја сакаат и ја почитуваат оваа уникатна уметница.
Фото/ХАЈП ТВ
Во ексклузивна изјава за Hype ТВ пред почетокот на концертот, Ана искрено проговори за некои интересни детали од својот приватен живот. Говорејќи за соработката со Горан Ратковиќ Рале, со насмевка призна дека се во „војна“, но дека тој е нејзина најголема поддршка – секогаш со неа, во секој град и на секоја сцена.
А на прашањето за можна свадба со Рале? Ана се насмеа и рече: „Еве, токму што зачекорив на лудиот камен. Ако мислите на Рале, тој постојано го зборува тоа, ама јас сè уште чекам.“
Фото/ХАЈП ТВ
Концертот на тврдината Кастел беше многу повеќе од обичен настап – беше момент кој долго ќе се памети. Ана Николиќ уште еднаш докажа дека е неприкосновена кралица на домашната сцена, а Бања Лука ѝ приреди вечер која не се заборава.
БОНУС ВИДЕО!
ЕКСКЛУЗИВНО ИНТЕРВЈУ! НИНА РЕД: „СУМ ПЛАЧЕЛА ПОРАДИ НЕГАТИВНИ КОМЕНТАРИ!“ (ВИДЕО)
ОКТАЈ СЕЈДИ: ИКОНА НА СТИЛОТ И ИНСПИРАЦИЈА НА НОВИТЕ ГЕНЕРАЦИИ! (ВИДЕО)
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХАЈП МК/Е.Л.